7.8 C
Скопје
19:51 - 10 март, 2026

По дебаклот на парламентарните избори, Макрон размислува на влада на национално единство

Емануел Макрон „размислува“ за создавање на „влада на национално единство“ за да најде „начини за излез од политичката ситуација“ по дебаклот што се случи на парламентарните избори.

Макрон „ме праша дали сме подготвени да работиме во влада на национално единство“, објасни шефот на Комунистичката партија Фабиен Русел, и дали оваа иницијатива „е решение за излез на земјата од кризата“, пренесува анса. „Тој размислува за конституирање на влада на национален сојуз – рече Русел, по консултациите на тема дали ќе сакаат партиите да учествуваат“, додава тој.

Во текот на вчерашниот ден сојузниците на Макрон побарале од шефот на државата да формира „голема коалиција“, вклучувајќи го и поранешниот премиер Едуар Филип – лидер на партијата Хоризонти – кој е дел од силите кои ја поддржуваат извршната власт.

По гласањето во недела, Франција се соочува со превирања во парламентот, откако претседателот се најде со кревко мнозинство  – факт кој според многу коментатори е редок во францускиот полупретседателски систем, каде што културата на компромис со другите политички сили е поретка отколку во парламентарните демократии како што се Италија или Германија.

Трансалпскиот ветер што дува кон „широките разбирања“ влијае на целата европска оска и анти-Путин стратегиите спроведени во ЕУ: Макрон без апсолутно мнозинство во Националното собрание, италијанскиот премиер Драги се бори со поделбата на партијата на релативно мнозинство во Парламентот, а во Германија Шолц – на чело на проблематичната и често поделена коалиција. И ова е случува точно една недела по мисијата во Киев на тројцата лидери на Франција, Италија и Германија – трите големи економски сили на Унијата – кои од денеска ќе се претстават на Европскиот совет во Брисел, со покревка парламентарна поддршка, само бидејќи Унијата исто така бара заеднички став за одговорите на зголемените цени на енергијата и храната и рекордната инфлација.

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....