8.8 C
Скопје
18:12 - 31 март, 2026

По 10 години пауза: Ози Озборн ги израдува фановите со нов албум! (ВИДЕО)

Легендарниот музичар Ози Озборн по 10 години пауза, конечно ги израдува фановите со нов албум под наслов „Ordinary man“, кој денеска и официјално и е претставен на јавноста.

Новиот албум на Ози вклучува соработки со Елтон Џон, гитаристот Слеш, тапанарот на „Red hot chili peppers“ Чед Смит, раперот Пост Малоун и уште неколку познати музичари.

„Принцот на темнината“, како што го нарекуваат популарниот Ози, го претстави албумот кој неодамна го опиша како „најдобриот досега“, но судејќи уште по нумерите кои го најавуваа албумот, фановите веќе почнаа да си го поставуваат прашањето – дали ова е неговото последно музичко парче?

Фото: Профимедиа

Во албумот кој содржи 11 нумери се наоѓаат насловите како „Ordinary man“, „Goodbye“, „Today is the end“, „Over the graveyard“ и уште неколку песни, чии текстови се на еден начин ретроспектива на кариерата на Ози, но и негово збогување од фановите.

Целиот албум можете да го преслушате овде. 

Пејачот неодамна ја откажа турнејата по Северна Америка на која требаше да го промовира албумот, откако му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, па се уште не е познато кога ќе се случи концертната промоција.

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....