5.8 C
Скопје
06:55 - 1 април, 2026

Петта сопруга, трето дете: НИКОЛАС КЕЈЏ очекува девојченце со 27-годишната Рико Шибата, ГО ОТКРИ И ИМЕТО НА БЕБЕТО!

Холивудската ѕвезда Николас Кејџ ќе стане татко по трет пат, овој пат со својата петта сопруга, 27-годишната Рико Шибата, како што најави самиот актер.

Актерот, кој моментално го промовира својот нов филм „Неподнослива тежина на масивниот талент“, ја откри добрата вест за време на гостувањето во шоуто „Кели Кларксон“, додека раскажуваше анегдота за плочите што ги слушал со својот брат како дете. Зборувајќи за албумот на Битлси од 1970 година, „Let It Be“, а особено песната „Across the Universe“ и за тоа како имале големо влијание врз неговата кариера до тој степен што тој сè уште ја смета за најубава песна денес и на сите времиња, Кејџ одеднаш изјавил:

“Инаку, сакам да споделам со вас една одлична вест. Ќе имам девојче. А нејзиното име, токму поради ‘Across the Universe’ ќе се вика Ленон – Ленон Оги, во чест на татко ми [ Август Копола, н.з.]. Можам да ја наречам Лени. Многу сум возбуден“, продолжи Кејџ, додавајќи дека тоа ќе биде најголемата авантура во неговиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicolas Cage (@nicolascagefans)

Ленон Оги ќе биде првата ќерка на Николас Кејџ: актерот во минатото има уште две деца, и двете машки, Вестон Копола Кејџ, кој сега има 32 години и кој е роден од врската со актерката Кристина Фултон и Кал-Ел , 17, кого ѕвездата го доби од третата сопруга Алис Ким. За да не пропушти ништо, Ник Кејџ е и дедо: од најстариот син Вестон имал два внуци, родени во 2014 и 2016 година.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....