8.8 C
Скопје
19:04 - 30 март, 2026

Петар Грашо откри каков е како татко: „Јас сум нежен и благ, но кога ќе видам…“

Еден од најпопуларните хрватски музичари, Петар Грашо, се присетил какво било неговото детство, раскажал и како се опушта, што најмногу сака да готви, но и каков татко е.

„Кога имав три години, мојот чичко ми даде удиралки за тапани и сите беа шокирани како дете на таа возраст може да удира на тапани во ритам. Тогаш се знаеше дека имам талент за музика. Веќе на четири и пол години тргнав во музичка градинка, а подоцна и во музичко училиште. Не знаев дека сакам да пеам уште од дете, но околу десетта или единаесетта година, кога почнав да слушам бендови, сфатив дека пеењето ме прави најмногу среќен“, се присетил Петар Грашо во текот на гостувањето во радиоемисијата „Големи прашања од мали луѓе, браво!“ на КИДС радио.

Неговото детство не поминало само во музика.

„Сакав да возам велосипед и да играм фудбал, како сите деца од Сплит. Тренирав кратко време во Хајдук, но како што брзо растев, се префрлив на кошарка и тренирав долго време паралелно со музиката“.

Тој открил и како изгледа неговиот слободен ден.

„Ретко кога не настапувам, но кога сум дома сакам да се одморам. Наутро, по рутината и вежбите за ‘рбетот, најважни ми се тишината од половина час и првото кафе, тоа е најубавиот момент од денот. Остатокот од времето го поминувам со моето семејство, играјќи си со децата…“

За него и неговата сопруга Хана Хуљиќ Грашо, музиката е неизбежен дел од нивниот заеднички ден.

„За среќа, многу сме компатибилни по музички вкус. Наутро, обично пуштаме лесна амбиентална музика, за да нè ниша и не е напорно, а навечер, со вечера и чаша вино, пуштаме џез или изведувачот што сакаме да го слушаме во тој момент“, рекол пејачот.

Грашо не им пее приспивни песни на синот и ќерката, туку на Хана.

„Мојот глас е длабок и рапав, па децата не би заспивале толку лесно со мојот глас, би рекол дека би се разбудиле од него. Хана напиша и неколку прекрасни приспивни песни што Алба и Тони ги обожаваат“, истакнал тој.

Грашо зборувал и за својата строгост како татко.

„Мислам дека сум праведен татко. Јас сум нежен и благ, но кога ќе видам дека децата прават нешто што може да им наштети, знам да бидам строг. Викам малку, го фаќам за рака, но сè е тоа од добри намери“, признал Грашо.

 

 

 

 

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....