7.8 C
Скопје
22:46 - 30 март, 2026

ПЕТАР ГРАШО ЌЕ СТАНЕ ТАТКО: Хана Хулиќ е бремена, а идната мајка се подготвува за свадба!

Хана Хулиќ и Петар Грашо очекуваат принова, пренесува „Индекс.хр“ од извори блиски до парот.

Приновата треба да пристигне на почетокот на летото, а парот планира и венчавка која треба да се случи во март, месецот кога и Грашо слави роденден. Среќната вест сè уште не потврдена од парот, иако бил побаран коментар директно од парот, пренесуваат хрватките медиуми.


Кон крајот на минатата година се шпекулираше дека парот планира свадба, а потоа се пишуваше дека Хана веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Siol.net Trendi (@siol.net_trendi)


Во октомври имаше гласини за бременост, но пејачот се огласи и ги негираше сите гасини поврзани со бременоста.


Двојката пред неколку дена беше видена како се шета по западниот брег на Сплит во друштво на мајката на Хана, Вјекослава Хуљиќ, видно расположени.

„Ние сме многу среќни и задоволни. Така треба да биде. Хана е многу добра и ние сме среќни“, изјави неодамна пејачката во едно интервју. „Ние ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат спокојни“, изјавил во една прилика пејачот.

Потсетуваме дека нивната врска стана позната во октомври минатата година. 45-годишниот пејач и 14-години помладата Хана во 2016 година соработуваа на песната Heart for a Guide, а Грашо со години е многу блиска со родителите кои не кријат дека ја поддржуваат нивната врска, пишува Индекс. ч.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....