7.8 C
Скопје
10:06 - 1 април, 2026

ПЕСОК ТОРТА – БРЗА, ВКУСНА, БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Мартина ни го открива рецептот готов за 20 минути

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи песок торта.

– Брза, лесна и едноставна торта без печење. Одлична за целото семејство, а и лесно може да ги прилагодите вкусовите. Готова за не повеќе од 20 минути, еден фил кој се дели на 3 дела и плус чоколадна глазура, вели Мартина.
Потребни намирници:
3 пудинзи ванила
200 гр путер
300 гр шеќер
900 мл млеко
150 гр мелени бисквити
150 гр мелени ореви
100 гр кокос
150 мл хопла (слатка павлака)
150 гр чоколадо

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

МЕТОД

Пудинзите сварете ги во 900 мл млеко заедно со шеќерот и оставете да се излади, а за тоа време спремете си ги другите состојки. Изматете го путерот и во него постепено додавајте од пудингот.

Поделете ја смесата на 3 дела и во секој дел додадете ги кокосот, мелените бисквити и мелените јатки(јас правев со ореви, вие можете со лешници). Во делот со јатки препорачувам да додадете плус 50гр мелени бисквити за да биде дополнително помека тортата.

Јас ги редев по редослет делот со бисквити, со јатки, па со кокос.

За глазурата растопете ги хоплата заедно со чоколадото и прелијте врз целата торта. Оставете да се стегне, па исечете и послужете.

Јас ја правев во плехче број 24, доколку сакате поголема торта, зголемете ја дозата.

– Многу е едноставна, а мноооогу, премногу вкусна. Нема да ве чини повеќе од 200 денари, заклучува Мартина.

Добар апетит!

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....