6.8 C
Скопје
08:30 - 30 март, 2026

Песна како исповед за голема несреќна љубов: Грчката претставничка на Евровизија сама ја напишала „Die Together“ после разочарување

Аманда Георгиадис Тенфјорд е претставничката на Грција на Евровизија 2022. Родена во 1997 година, а на 17 години пејачката кариера ја започнала со песната Run која бргу станала хит.

Родена во Грција, но израсната во Норвешка, таа се качи на сцената на ПалаОлимпико во Торино вчеравечер на првото полуфинале, и ги испеа нотите од нејзината песна Die Together, која сама ја напишала по крајот на една нејзина голема љубовна приказна.

Нејзиниот фустан пак, буквално ја осветли сцената. Долг модел, висока јака и надуени ракави, потпишан од грчката дизајнерка Селија Критариоти, сопственичка на најстарата модна куќа во земјата, основана во 1906 година.

Аманда со изборто на креација и нежниот настап ја маѓепса публиката: додека Тенфјорд се движеше, блескавата ткаенина на фустанот ја доловуваше светлината, ослободувајќи ги сите бои на виножитото.

Песните на грчката претставничка, за неколку години постигнаа светска слава, а уметницата е позната и благодарение на телевизиската серија Spinning Out во продукција на Netflix.

Авторката на евровизиската песна и пејачка рече дека песната е напишана како последица на неуспешна врска:

„Помина извесно време од раскинувањето и напишав цел албум за врската од почеток до крај, а Die Together е само една од песните во моментот на раскинувањето, кога се е хаотично и тажно.“

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....