14:01 - 27 ноември, 2026

Пејачката Сандра Чаприќ за нејзината пријателка која ја поврзуваа со Душко Тошиќ: Некој вложил многу пари во неа!

Пејачката Сандра Чаприќ проговори за својата поранешна пријателка и колешка Катарина Ина Гардијан и во таа прилика алудираше на нејзините врски со женети фудбалери, а го спомена и Душко Тошиќ.

Имено, откако Ина Гардијан изјави дека Сандра, со која некогаш била многу блиска, ја разочарала и дека поради тоа се оддалечиле, и Чаприќ доби можност да зборува за нивното раскинато пријателство.

– Не би ѝ придала важност, ниту би коментирала многу. Некој вложил многу пари во неа, а ништо не се случило. Имала и свои неуспешни врски, но да не зборуваме за тоа, а јас знам многу за неа. И таа знае за мене, се посетувавме, се дружевме… А потоа добивам нејзина преписка од пријателка во која вели дека сум девојка од село и живеам на село. Каде живееш ти? Би ставила точка тука – рекла пејачката, која неодамна откри дека е самохрана мајка.

После сè што поминаа заедно, Сандра сепак повторно би седнала со Ина и би пиела кафе.

– Зошто да не? Ѝ ја посакувам сета среќа на светот, не ме интересира дали е со Тошиќ, Јанковиќ или Савиќ, таа најдобро знае. Ако некој мисли дека оженетите фудбалери му носат благосостојба, тогаш одлично. Навистина ѝ посакувам среќа, пее многу добро, изгледа прекрасно, добра девојка од добар дом и нејзините родители се фини – заклучи Чаприќ во емисијата „Претрес“.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....