17.8 C
Скопје
18:19 - 18 октомври, 2026

Партнерката на Де Ниро за болеста по породувањето: „Не можев да зборувам ниту да јадам“

Девојката на Роберт де Ниро, Тифани Чен, во своето прво интервју по раѓањето на нејзиното прво дете во април, а седмо дете на актерот, зборуваше со водителката на CBS Morning, Гејл Кинг за нејзиното искуство и „постпородилните компликации“.

Според Тифани, и била дијагностицирана Белова парализа и губење на „сите функции на лицето“ по породувањето. Новопечената мајка сподели дека во тоа време нејзиниот „јазик бил чуден“, ѝ „трнел“ и бил „вкочанет“.

„Лицето ми беше едноставно чудно“, се присети таа. „Се чинеше дека почна да се вкочанува само по себе. Како, моето лице да се топеше само по себе. Една недела по породувањето, се започна“, продолжи Чен, опишувајќи како почнала да зборува „нејасно“ и „не можела да јаде“.

Кога инструкторката за боречки вештини се вратила во болница, таа веќе „ја изгубила сета функција на лицето“. Лекарите ѝ дијагностицирале Белова парализа, состојба која предизвикува мускулна слабост на едната страна од лицето.

Интервјуто со сегашната девојка на Де Ниро доаѓа во време кога целото семејство на актерот е во жалост по трагичната смрт на неговиот 19-годишен внук Леандро, кој тукушто започнал да се пробива во актерскит води. Актерката и режисерка Дрена Де Ниро тврди дека нејзиниот син починал откако земал апчиња фентанил.

Да потсетиме, 45-годишната Чен и легендарниот 79-годишен актер го изненадија светот со веста за раѓањето на нивната ќерка Гиа Вирџинија во мај. Де Ниро е татко и на Дрена (51), Рафаел (46), близнаците Џулијан и Арон (27), Елиот (24) и Хелен (11).

Повеќе делови од интервјуто со партнерката на Де Ниро, ќе објавиме во текот на денешниот ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ET Canada (@etcanada)

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....