05:08 - 9 април, 2026

Парис Хилтон ги шокираше сите со изјавата: Сето тоа беше само глума!

Profimedia

„Размазена“, „безобразна“ и „несвесна како изгледа вистински живот“ се само некои од описите кои со години се користат кога е во прашање Парис Хилтон.

Славната наследничка, старлета, ди-џеј и тв-лице пошироката слава ја стекна во ријалити програмот „Едноставен живот“, кога со својата пријателка Никол Ричи живеела на село без мобилен телефон, пари и гламур.

Profimedia

Прочуената емисија е емитувана со прекини од 2003 година до 2005 година, а сега Хилтон одлучи отворено да збори за тоа, откривајќи дека се тоа било глума.

„Знаев што правам, но целиот свет не знаеше, па беше многу фрустрирачки што ме доживуваат онаква каква што не сум“, објаснила Парис за магазинот People. „Но, тоа беше толку чудесна и забавна емисија што за неа размислував само како за забава“.

Profimedia

Таа додала дека очигледно не е лошо што сето тоа се одиграло баш така.

„Направив огромен бренд од сето тоа“, била искрена Парис.

Profimedia

„Очигледно, пораснав. Но, тоа што ме осудуваа и имаа толку предрасуди поради ликот кој го измислив беше фрустрирачки“, објаснила таа.

Profimedia

Прочуената наследничка потоа најавила документарна серија за себе која ќе го носи насловот „This is Paris“ во која таа ќе ја претстави вистинската себе, а открила и дека ќе видиме детали за нејзиниот живот кои досега ѝ биле непознати на јавноста.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....