05:41 - 21 декември, 2024

Панчо од ДНК: Од секој настап одвојуваме дел од парите за хуманитарни цели

Дуото ДНК заедно со Врчак неодамна ја промовираа новата песна „Посреќна“. Не е тајна дека завршија одлична работа, бидејќи песната руши рекорди. Со Владимир Блажев – Панчо зборувавме за соработката со Врчак, што го лути, а што го радува, за хуматарните цели на ДНК, како во плакарот ги собра сите 170 пара патики и уште многу други муабети во текот на разговорот.

Неодамна ја промовиравте „Посреќна“ заедно со Врчак? Зошто решивте да го вратите на сцената? Очекувате ли дека песната ќе руши рекорди?

– Идејата за Врчак беше спонтана како и сè досега кога станува збор за музика. Ние не го вративме на сцената, тој сам изјави желба само што овој пат тој беше гостин на наша песна која веќе беше готова да ја пуштиме.

Одамна се познавате?

– Се познаваме долги години, повеќе од 15, а покрај тоа што музиката нè споила, ние сме и семејни пријатели.

Како реагираш на негативните коментари за него, кои се споделуваат на социјалните мрежи? Особено за видеата кои ги споделува?

– Негативни коментари не сум слушнал, освен оние кои прашуваат зошто постира такви видеа и зошто ги фотошопира толку фотографиите што ги објавува. Раде никогаш не бил конфликтна личност и секогаш бил имун и знаел како да ги „спушти“ лошите луѓе или народски кажано „хејтерите“ кои му завидувале, а потајно сакале да се на негово место.

Песната руши рекорди, го очекувавте ли ова?

– Околу рекордите да бидам искрен очекувавме да има голем интерес, но не ваков каков што се случи. За 24 часа имаше точно 52.225 органски прегледи што не се случило во Македонија. Тоа е најмалку важно, поважно е дека за пет дена ја пееја песната, е тоа е доказ дека имаме добра песна и дека Лазар Цветковски докажува дека е моментално најдобриот продуцент во Македонија.
Многу ретко се случува за толку краток период да ти ја пеат песна, а на наша среќа е што тоа ни се случи нам. 

Неодамна рече дека ти се смееле затоа што настапуваш во студентски дом. Како помина на журката и колку те повредија тие коментари на селективност? Знаат ли студентите да се журкаат добро?

– Затоа и објавив и напишав! „Смеењето“ повеќе беше за просторот и местото, не директно за студентите, но сепак индиректно ги опфаќа и нив. Јас ги обожавам и сигурен сум дека повторно ќе се вратам таму, бидејќи има преубава енергија, чиста и искрена како што се тие. Секогаш кажувам дека ја сум дете на народот, израснат на улица и тоа може да го докаже секој еден кој е моја генерација, малку постар или помал.

Студентскиот живот е секогаш тежок, особено овде каде што живееме, а и условите во кои се наоѓаат домовите и студентите кои живеат во нив. Тоа е друга тема… Ја сум дел од нив и сите се исто за мене, само што јас работам јавна професија и на некој начин сакам да зборувам гласно за неправдите што се случуваат. Таков сум, или ме сакаш или не, ама барем знаеш на што си со мене, лице не правам.

Искрено, важиш за човек кој секогаш кажува што мисли, па така не го поштеди и фудбалскиот слектор Милевски по фудбалскиот натпревар со Англија. Зошто толку разочарување?

– Не сум експерт, туку само огромен спортски фан, особено на фудбалот и кошарката. Разочарување немам, туку имам гнев, а тоа е полошо нели. Милевски можеби е добар како тренер, јас не сум професионалец да зборувам на таа тема, но не сум ниту слеп. Сменија човек кој имаше одлична позиција во претходните квалификации за светско и човек кој нè однесе за првпат на Европско. Како е возможно на Мрме да му дадат отказ при таков успех, а Милевски да го протежираат при неуспех? Притоа ги имаме највисоките порази во историја. Немам ништо лично против него, но време му е да си оди.

Секоја чест за сите хуманитрани мисии, од каде желбата толку да се помогне на оние кои немаат. Секогаш сте тука и кога се собираат пари за итни операции и лекувања, а често одите и на лице место, па како тоа потоа ти влијае тебе?

– Не знам искрено, посилно е од мене и од нас како бенд. Секогаш одвојуваме по 10 отсто од настапите на ДНК и ставаме во хуманитарен буџет, па кога ќе се прособерат ги даваме онаму каде во моментот е најпотребно. Јас верувам дека го имам наследено од мајка ми и сестра ми кои сум ги гледал како мал како помагале и кога немале, па ете ми останало дека тоа е нешто што треба секој да го практикува. Особено јас, кој сум бил сведок на такви настани. Мислам, ништо тоа не е за фалење, само сакам да имам за да можам да дадам, а и да немам би го поделил она што го имам.

Добитници сте на наградата 13 Ноември. Дали е ова ваша година?

– Уф, не знам дали е наша. Имавме доста продуктивна година со настапи (преку 40 концерти), ја добивме најпрестижната награда која ја доделува град Скопје, но не сакам да звучам дека сме надмени. Може да кажам дека ни е успешна година,  но дали е наша, тоа оставаме да кажат компетентните луѓе и оние кои прават манифестации. За жал, се откажа Австралиската турнеа бидејќи не добивме одговор за виза па чекаме да нè известат кога ќе се презакаже и дали ќе биде во мај како што првично ни најавија. Тоа ќе беше перфектна година, заокружувајќи ја со новогодишен настап на плоштадот во Охрид.

Уште си колекционер на патики? Колку пара имаш и од каде меракот за ова? 
– Да, тоа ми е фетиш. Отсекогаш ми биле слабост, признавам. Во моментов имам околу 170 пара патики, а како што реков, меракот сум го имал отсекогаш и сум се восхитувал на луѓе кои внимаваат на избор на патики или дамите на штикли. Новиот пар патики ги носев на концертот во „Станицат 26“, и едвај чекав да ги облечам.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....