17:46 - 2 април, 2026

Овој документ откри кое име го користи принцот Хари откако го напушти кралството

Принцот Хари последниот ден од март официјално ги остави сите кралски и воени должности и заедно со неговата сопруга повеќе не ја користат титулата „HRH“ Неговото/Нејзиното кралско височество.

Титулите не им се одземени, но повеќе нема да ги користат, бидејќи во иднина сами ќе заработуваат и нема да бидат претставници на кралицата Елизабета.

Многу фанови се прашувале кое име и презиме сега ќе го користи принцот Хари, па британските новинари дошле и до тој податок.

Во документот кој Хари неодамна го потпишал, стои дека тој сега се претставува како Принц Хенри Чарлс Алберт Давид, Војвода од Сасекс.

Во подолгото име ја нема титулата HRH, но ниту кралското презиме кое Хари повремено го користел.

Презимето Монтбатен-Виндзор кое му го даде на неговиот син Арчи и самиот повремено го користел, а презимето Велс го користел за време на школувањето и во војска.

Слични објави

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо
Се вчитува....