14.2 C
Скопје
12:51 - 14 октомври, 2026

Дарко Лазиќ и сопругата Катерина закрепнуваат по тешката сообраќајна несреќа: Андреана Чекиќ откри нови детали

Брзата реакција на лекарите на Военомедицинската академија беше клучна!

Додека гостуваше во емисијата „Цеца шоу“, популарната пејачка Андреана Чекиќ ги смири загрижените фанови и потврди дека Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина се добро, по сообраќајната несреќа што неодамна ја потресе домашната јавност. Во новата епизода од емисијата што ја води Светлана Цеца Ражнатовиќ, гости беа Андреана Чекиќ, Катарина Живковиќ и Марко Тадиќ.

Сепак, еден од моментите што привлече најголемо внимание беше кога Андреана проговори за инцидентот што вознемири многумина.

Да ве потсетиме дека Дарко и Катарина имаа несреќа во Белград, враќајќи се од прослава. Фотографиите од уништениот автомобил брзо се проширија на интернет и предизвикаа шок и загриженост кај фановите.

– Дарко е добро, фала му на Бога, како и неговата сопруга. Одлично се снаоѓаа, со оглед на ситуацијата, видовте како изгледа автомобилот. Сега малку се одмара од повредите, има посекотина на главата која веднаш беше санирана, фала му на Бога ништо повеќе од тоа. Тие се живи, здрави се, да не се повтори – изјави Андреана Чекиќ во емисијата.

Брзата реакција на лекарите на ВМА беше клучна – повредата на главата на Дарко веднаш беше санирана и беше укажана целата потребна помош, што спречи ситуацијата да стане посериозна. Обожавателите беа среќни кога слушнаа дека пејачот и неговата сопруга преживеале без никакви сериозни последици, додека Андреана нагласи колку е важно вакви моменти да не се повторат и дека здравјето секогаш мора да биде на прво место

Слични објави

„Магла бенд“  ја поканија Анатасија Ражнатовиќ на концерт по нејзината објава

Е.А.

(Видео) Браќата од „Некст тајм“ се вратија во градинката во која пораснале — ги израдуваа дечињата со прекрасен гест

К.С.

Седум години од смртта на Дивна Карлеуша: Куќата во која почина остана заклучена и затворена засекогаш

Е.А.

(Фото) Двојна семејна прослава кај Дарко Илиевски — ја крстија ќерката Ана, а синот Матео наполни седум години

К.С.

Судбината им подготвува голем пресврт — овие четири хороскопски знаци ќе ја остават тешката година зад себе во 2027

К.С.

Дневен хороскоп за 14 октомври: Избегнувајте непромислени одлуки

apostolova
Се вчитува....