06:56 - 12 март, 2026

Оскари 2022: Бредли Купер со мајка му на црвениот тепих – да живее МАМА!

Актерот повторно ја донесе својата мајка Глорија Кампано на црвениот тепих. Двајцата се многу блиски, живееја заедно за време на илозацијата во екот на коронакризата и по смртта на неговиот татко, во 2011 година: „Кога тато почина, се преселив кај неа. За да преживееме и двајцата.“

Згодниот глумец Бредли Купер е „мамин син“. Тој долго време живееше со мајка си, а секоја прилика ја гледа погодна за да ја однесе на црвениот тепих.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Така се случи и на 94-тата церемонија на Оскарите, кога во театарот Долби во Лос Анџелес пристигна рака под рака со жената која го донесе на свет: г-ѓа Глорија Кампано. На крајот на краиштата, тој веќе го направи тоа и претходно, кога покрај него беше Ирина Шајк, парадирајќи на црвениот тепих меѓу мајката и девојката.

Нивната врска е длабока, а уште поцврста стана за време на пандемијата, која ја поминаа заедно: „Јас сум со ќерка ми, мајка ми и моите две кучиња и никогаш не сме излегле од дома“, рече тој за време на најстрашнитемесеци на пандемијата, „Мајка ми има 80 години и закрепнува, ковидот би бил многу опасен за неа“. Ќерката пак,  Леа Де Сејн, е 5-годишна и е од љубовта со супермоделот Ирина Шајк.

Таткото на Купер, Чарлс, почина во јануари 2011 година по долга борба со ракот. А актерот, во 2013 година, рече дека се преселил во куќата на неговата мајка за да ѝ помогне полесно заедно да ја пребродат тагата: „Ние преживуваме, двајцата. Да се ​​разбереме: веројатно не ѝ е лесно, патем, да живее со својот син. Но, тоа е животот“, рече своевремено Купер.

И додаде: „Моето семејство е многу блиско и смртта на татко ми беше брутална за сите нас. Ни донесе длабока тишина, а сега си требаме еден на друг. Значи, тука сме“.

Купер и неговата мајка очигледно добро се сложуваат.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....