6.8 C
Скопје
08:32 - 1 април, 2026

Огњен Амиџиќ и Мина чекаат бебе: Убавата вест ја потврди и водителот

Познатиот водител Огњен Амиџиќ и неговата девојка Мина Наумовиќ ќе станат родители.

Огњен и Мина ја дознале радосната вест пред еден месец, како што пренесуваат српски Блиц и Курир. Но, тогаш оваа информација ја споделиле само со своите најблиски пријатели и роднини, а сега стигна и до медиумите.

Српски Телеграф објави дека убавата новинарка е бремена во третиот месец, а родителите се уште не планирале да ја откријат веста. Се очекува бебето да пристигне следната година.

Тоа ќе биде второ дете на Огњен, а на Мина прво дете.

– Огњен и Мина се пресреќни откако ја дознаа убавата вест, а информацијата дека ќе добијат бебе ја надополни нивната врска до крај – изјавил извор близок на Огњен и Мина.

– Нивната врска беше силна и сериозна уште од првиот ден, па оваа информација беше очекувана. Огњен буквално едвај чека да добие уште едно дете, а Мина со нетрпение чека да стане мајка – вели истиот извор.

Недолго потоа се огласи и самиот Огњен кој ја потврди оваа вест.

– Точно е дека јас и Мина ќе станеме родители! Не планиравме сега веста да стигне до јавноста, но штом веќе стигна, нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од било кога и едвај чекаме да дојде нашето бебе! Ќе има можност да разговараме за се во наредниот период, ви благодариме на разбирањето – изјави Огњен за српски Пинк.

 

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....