-3.2 C
Скопје
03:55 - 19 февруари, 2026

Од уморно до лице што блеска со овој едноставен трик!

руменило руж пудра умор

Руменилото е најкраткиот и најбрзиот начин да се трансформира уморното и бледо лице во енергично и здраво. Треба внимателно да го изберете, особено течните формули, бидејќи тие имаат структура што влегува во порите и може да изгледа како дамка или нечистотија на образот.

Руменилото не е контура

Контурирањето на лицето се прави пред нанесување на руменилото, а руменилото го нанесуваме само на врвот на јаболчната коска. Сувите руменила (во прав) се нанесуваат со четка од природни влакна, додека течното руменило се нанесува со четка од вештачки влакна, прсти или блендер.

Течното руменилото се нанесува на крајот од шминкањето и никогаш на проблематично лице

За да постигнете долготраен ефект со течно руменило, треба да се нанесе веднаш по течната подлога (пудра) со цел текстурата да се спои со кожата. Никогаш не нанесувајте течно руменило на суво и неподготвено лице. Овој тип на руменило се препорачува за луѓе кои немаат проблематичен тен и зголемени пори. Ако кожата на лицето има проблеми и поголеми пори, сè ќе биде пренагласено.

руменило руж шминка трик

Руменило за зрела кожа и млада кожа

На позрела кожа, руменило во нијанси на праска или цигла боја е најдобро. Секогаш се применува на самиот врв на јаболчниците. Користете мат руменила бидејќи сјајните руменила ги нагласуваат несовршеностите на кожата. Ако кожата е сува, течното руменило е решение, но во помала количина.

Кога станува збор за млада кожа, треба да се избегнуваат потемни тонови. Имено, нијансата на руменило треба да биде еднаква на бојата на образите кога се природно заруменети. Бринетите можат да користат розово руменило, црвеникаво или во боја на цигла. Девојките со потемна коса да се насочат кон благи земјени тонови или малку посветли корални нијанси. Девојките со светла коса можат да изберат розова, но не и темно розова нијанса.

Извор: „zena.blic.rs“

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....