7.8 C
Скопје
00:11 - 31 март, 2026

ОД КУЈНАТА НА ТЕА: Мафини со спанаќ и сирење, совршени за брз топол оброк

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес нашата драга Теа ни подготви мафини со спанаќ и сирење.

– Мафините ми се еден од рецептите кои често му ги спремам за појадок или вечера на Стефан.Најомилени му се со спанаќ и сирење во комбинација со јогурт или кисело млеко.Супер брз топол оброк што ќе го обожаваат и најмалите – објаснува Теа.

Потребни состојки:

▪️4 јајца
▪️1/2 чаша* масло
▪️1 пециво
▪️1 чаша* брашно
▪️1 чаша* гриз
▪️1 чаша* кисело млеко или јогурт
▪️по желба: спанаќ и сирење, шунка, кашкавал и оригано, праз и сирење, и сл.
*чаша за млеко од 200 мл

Начин на подготовка:

Со маталка во подлабок сад изматете ги јајцата и потоа додадете ги маслото, пецивото, брашното, гризот и јогуртот. Се убаво измешајте за да добиете убава хомогена смеса. На крај додадете ги спанаќот и сирењето, измешајте убаво и распоредете ја смесата во тавче за мафини. Печете ги во загреана рерна на 250 степени 20 минути и уште 10 минути на 200 степени.
На здравје и уживајте!

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....