13.8 C
Скопје
16:01 - 18 декември, 2024

НОВИ СКАНДАЛОЗНИ ОТКРИТИЈА ЗА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: „Чарлс не е за крал!“, „Што сака Меган, тоа ѝ го добива!“, интриги и тензии зад вратите на Палатата

Биографијата на принцот Хари не е единствената книга што може да предизвика хаос во кралското семејство. Излегува уште една книга која тврди дека открива детали од животот на британското кралско семејство. Авторката во книгата се заснова на искази и сведоштва на луѓе блиски до кралското семејство и многу упатени извори за кралската палата.

За завршувањето на книгата „The Palace Papers“ на авторката Тина Браун, книга која ќе се појави на полиците следната недела, ѝ биле потребни две години.

Во книгата има ексклузивни интервјуа и вистински приказни поврзани со членовите на калското семејство собрани од 120 извори.

Приказните се однесуваат на најважните претставници на кралското семејство: од принцот Чарлс до Кејт Миделтон, и секако Меган Маркл и принцот Хари…

Книгата се обидува да зборува за сè по малку: мали куриозитети кои се движат од невообичаени барања за бања на принцот Чарлс до конфликтните односи меѓу Кејт и Меган.

Во очекување на нејзиното објавување на 3 мај, Дејли Мејл објави неколку извадоци.

Еден од извадоците од новата книга на Тина Браун за британското кралско семејство е за тајниот живот на Кејт Мидлтон. Според Браун, всушност, Кејт се грижи за своите интереси и страсти далеку од центарот на вниманието. Ова е причината зошто таа прави тајни посети на галерии и музеи за да го „храни својот внатрешен живот“. Друга гласина, пак, се однесува на мислењето на кралицата Елизабета и принцот Филип за нивниот син Чарлс.

Во својата книга, Браун наведува дека Чарлс е „очаен“ да добие билокакво одобрение од неговата мајка, кралицата Елизабета. Извор ѝ открил на авторката дека тој е „погрешен тип на личност“ за кралицата, која го смета за премногу незрел за да го наследи тронот, емотивен и ранлив.

Инсајдерот ѝ рекол на Браун дека и принцот Филип, исто така, бил загрижен за можноста неговиот син да стане крал, верувајќи дека „го нема она што е потребно“ за да биде крал.

Покрај тоа, претстојната книга зборува и за кавгата помеѓу Меган Маркл и Анџела Кели, доверлива  стилистка на кралицата.

Според писателката, наводната кавга со најдоверливата помошничка на кралицата Елизабета се случила затоа што Меган „не ја согледала разликата помеѓу личниот помошник на кралицата и дизајнерот кој е на договор со NBC Universal“.

Имало и многу известувања за кавга поради дијадемата на свадбата. Самиот принц Хари потоа интервенирал велејќи „што сака Меган, тоа Меган и го добива“.

Во книгата се опишува свадбата на Меган и Хари која во многу наврати претставувала ужасно тензичен период за кралското семејство.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....