17.8 C
Скопје
22:47 - 30 април, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ за 25 април: Немојте да инсистирате на ништо и ќе добиете сè

Овен
Една многу полесна енергија во текот на денот. Овој период ќе го сфатите како пауза од напорното време што е зад вас. Добри договори, разбирање меѓу соработниците, лесно е да се усогласите и да најдете заеднички јазик. Истата состојба е и во емотивните односи. Немојте да инсистирате на ништо и ќе добиете сè.

Бик
Постојат денови кога сите нешта легнуваат на свое место, иако тоа воопшто не изгледало изводливо. Очекувајте сплет на среќни околности, но и позитивни луѓе околу вас со кои лесно можете да постигнете сè што сакате. Одличен ден за решавање на несогласувањата со партнерот.

Близнаци
Би рекле – вие сте добри за сите, само не за себе. И ова е повеќе од точно. Сакате да им излезете на другите во пресрет, а ги занемарувате вашите желби и потреби. Ги оставате вашите обврски настрана, завршувајќи им ги на другите кризните ситуации. Не лелекајте ако партнерот ви забележи што сте за сите тука, само не за него.

Рак
Некој денес може да се обиде да ве повреди или да ја намали вредност на она што сте го направиле, но не обрнувајте премногу внимание на тоа. Ситната злоба на другите луѓе сега треба да се одбие од вас. Вие бидете задоволни од своите резултати, а другите можат само да ви завидуваат. Не реагирајте на ситните сплетки.

Лав
Емотивниот сегмент е во криза која ниту вие, ниту партнерот не се обидувате да ја решите во овој момент. Конкуренцијата може да ви прави проблеми. Подобро речено – се обидува да направи. Во овој момент, вие сте доволно силни и самосвесни дека лесно можете да го „разнесете“ тој што се обидува да ве повреди.

Девица
Би сакале да стасате на 100 страни, но прифатете дека тоа не е можно денес. Можно е да добиете една понуда, која не мора да биде исклучително од деловен тип. Ако се емоциите во прашање – станува збор за понуда да излезете со некој за кого не сте ни помислиле дека ви се допаѓа. Прифатете ја понудата!

Вага
Ќе треба добро да ги поставите приоритетите и да се организирате за да завршите и половина од она што сте го зацртале. Нема причина да бидете незадоволни, презедовте премногу на себе. Потребно е некое компромисно решение со саканата личност, но тешко се усогласувате. Премногу сте горди.

Скорпија
Иако реално ситуацијата на работното место ќе биде мошне добра, во вас има одредено незадоволство. Свесни сте дека мора да промените некои планови, но тоа не ви е мило. Мислите дека вашата концепција беше повеќе од добра и не ви е јасно зошто треба да се прилагодите на туѓите барања што ги сметате за нелогични.

Стрелец

Колку и да не ви се допаѓа тоа денес, но другите луѓе имаат подобра претстава за некои работи и како да ги насочат тие работи понатаму. Немојте да бидете збунети со тоа. Едноставно, некој друг ги гледа работите појасно од вас. Прифатете дека дури и тоа е можно. Не сте секогаш само вие паметни и способни.

Јарец
Како што се однесувате кон соработниците, со истата мерка и тие ќе ви возвратат. Ако сте колегијални и праведни кон нив, и тие ќе се однесуваат така кон вас. Ова е многу корисно и релевантно и за емотивниот сегмент, каде што би требало да ја сослушате саканата личност и да прифатите дека и таа е во право за многу нешта.

Водолија
Прифатете го она што другите го предлагаат денес. Понекогаш сте премногу тесногради и сакате да го видите само она што вам ви е важно. Потребни ви се други луѓе да ви ги отворат хоризонтите и да ви посочат некои работи и ситуации што не ги забележувате. Бидете среќни, опкружени сте со луѓе кои сакаат да ви помогнат.

Риби

Денес ви доаѓа убав деловен предлог. Условите ви одговараат, ви одговараат парите што би ги заработиле, единствено што е тука проблематично е тоа што не знаете дали ќе имате време за сè. Ќе имате расчекор во комуникацијата со партнерот или со член на семејството. Потребно е малку повеќе трпеливост за некои луѓе.

Слични објави

Кралот Чарл е „премногу зафатен“ за да се сретне со синот Хари: Принцот пристигнува во Лондон

еспресо

Харис Џиновиќ откри дали има нова девојка: Чаршиските муабети се сè погласни!

Еспресо

Сергеј Трифуновиќ по последното апсење: Ова ме смени, сега сум повоспитан

Еспресо

Данијела Мартиновиќ проговори за здравствените проблеми: „Морам да се носам со “

Еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ по разводот на родителите донел неочекувана одлука, пејачката веднаш се огласи

Еспресо

Стоја потрошила 100.000 евра за операции и била во вештачка кома 9 и пол часа: Го променив личниот опис, но луѓето не ме прифатија

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....