07:21 - 27 август, 2026

Нови страшни обвинувања: Диди злоставувал 16-годишно момче и силувал студентка

Музичкиот магнат Шон Диди Комбс се соочува со нови обвиненија за силување, сексуално злоставување и напад, откако во понеделникот беа поднесени низа нови тужби.

Најмалку шест тужби се поднесени до федералниот суд во Њујорк од две жени и четворица мажи. Обвиненијата опфаќаат настани кои наводно се случиле од 1995 до 2021 година, пишува Би-би-си. Обвинителите тврдат дека некои од нападите се случиле на забавите на Диди на кои присуствувале познати личности и музичари.

Едно од неименуваните лица кое го обвини Диди, наведува дека некои од сексуалните напади се случиле на неговите забави. Лицето вели дека имало само 16 години кога присуствувало на забава во Хемптонс во 1998 година и дека било воодушевено кога ја добило поканата за забавата на Диди. Таму вели дека видел бројни славни лица и музичари. Со Комбс разговарале за музиката, после што, тврди обвинетиот, се упатиле на поприватно место. Тврди дека Диди во текот на разговорот ненадејно му наредил да се соблече.

Во тужбата се забележува дека нападот се случил за време на дискусија за тоа како да се успее во музичката индустрија.

Втората тужба поднесена во понеделникот вклучува наводи од жена која тврди дека Диди ја силувал во хотелска соба во 2004 година, кога била 19-годишна студентка. Рекла дека раперот го запознала на снимање, а потоа тој ја поканил и нејзината пријателка на приватна забава во хотелот. Таа тврди дека по нејзиното пристигнување, Диди „ја допирал, ја малтретирал и на крајот ја силувал“ без оглед на нејзините молби да престане.

Озлогласениот рапер се соочува со ужасни обвиненија за сексуални напади откако кон средината на минатиот месец беше уапсен во Њујорк, а потоа обвинет за проституција, рекет и трговија со секс. Адвокатот од Хјустон, Тони Базби, пред 10 дена изјави дека 120 лица поднеле тужба против музичарот и дека меѓу нив има и обвинение за сексуално злоставување на деветгодишно момче.

Диди ги негира сите обвиненија. Неговиот адвокат истакнал дека ова веќе прераснува во страшен медиумски циркус.

Диди ги отфрли сите обвиненија против него и го очекува судењето кое ќе започне на 5 мај следната година.

Слични објави

(Видео) „Кога не пијам терапија ми отекува вратот“: Ѓина Џиновиќ откри од што боледува

Еспресо

(Фото) Предизвика „бура“ во Америка – сопругата на Сергеј Трифуновиќ позираше топлес

Еспресо

(Фото) На 43 години, тој е вистински ѕвер! Златан Ибрахимовиќ на ова ја должи тајната за својот младешки изглед 

Еспресо

(Фото) Кафе, сок и шишенце млеко — Анастасија и Гудељ покажаа како изгледа едно секојдениве

Е.А.

„Една си ми ти“: Обожавателка на Тарабунов направи нешто уникатно за него

Еспресо

(Фото) Гламур под отворено небо – Во Villa Diva искусете поинаква димензија на вашата прослава

Еспресо
Се вчитува....