19:36 - 4 ноември, 2026

(Фото) На 40-тиот ден од смртта, Бора Ѓорѓевиќ доби мурал и во Белград: Обожавателите не го забораваат рокерот

Српскиот рокер Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба почина на 4 септември на 72-годишна возраст, а во саботата му бил одржан четириесетдневен помен.

На денот на неговиот погреб, на една зграда веќе осамнал мурал со неговиот лик, а сега, на 40-тиот ден од неговата смрт, се појавил нов, и тоа во Белград. На него се гледа покојниот рокер во своето препознатливо издание од концертот, додека на ѕидот пишува: „Кога ќе дојдеш кај Бог по вистината, нека владее мир во твојата душа! 1952-2024 година“. Инаку, ова е стих од неговата песна „Погледај дом свој анѓеле“ (Pogledaj dom svoj anđele).

Да потсетиме, на Градските гробишта во Чачак се собраа членови на семејството, пријатели, но и почитувачи на неговото дело.

– Тој е човек кој преку своите дела, своите песни ќе биде меѓу нас засекогаш, иако се пресели на другиот свет. Неговите вонвременски стихови и на идните генерации ќе им зборуваат колку бил голем и поинаков од сите други – изјавиле за медиумите пријателите на Бора.

Фронтменот на „Рибља чорба“ по сопствена желба е погребан во родниот Чачак, иако неговите родители се погребани во Белград.

На комеморацијата и погребот присуствуваа многу негови колеги: Момчило Бајагиќ Бајага, Мирослав Илиќ, Миша Мијатовиќ, Зоран Дашиќ Даша, Дејан Петровиќ, Ѓорѓе Давид, Ера Ојданиќ и многу други.

Фотографијата од муралот на Бора Ѓорѓевиќ можете да го погледнете – ТУКА.

 

 

Слични објави

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.
Се вчитува....