2.8 C
Скопје
17:05 - 22 декември, 2024

Новата палата на Џенифер Лопез и Бен Афлек е „баксузна“: Има криминално минато, а ниеден газда немал среќа со неа

По неколку месеци потрага по нов имот во Калифорнија, Џенифер Лопез и Бен Афлек конечно го пронајдоа својот нов дом и се подготвуваат да се преселат во неверојатната палата на Беверли Хилс позната како имотот Волингфорд.

(Фото) Погледнете ја внатрешноста на домот на Џенифер Лопез и Бен Афлек: Ќе останете без зборови!

Овој имот е вреден 60,85 милиони долари, а објектот се наоѓа на површина од два хектари на одлична локација на Волингфорд Драјв, во срцето на Беверли Хилс.

Има 12 спални соби, 15 камини и 24 бањи, но има и малку вознемирувачко минато.

Некои од претходните сопственици на новата куќа на Џенифер Лопез и Бен Афлек се фатени во клинч со законот кога живееле во оваа палата. Весникот La Opinion објави дека замокот бил купен од Куртис Сомоза во 2004 година, но тој бил уапсен набргу потоа и осуден на 25-годишна казна затвор за измама.

Во 2007 година, куќата ја купила Џеонг Ли,  јужнокорејска бизнисменка и во текот на деценијата додека била сопственичка немало посебни скандали освен што што имотот ретко самата таа го користела туку често го издавала на привремени станари или дури и за еднократна настани, па соседите се жалеле на постојаните галами.

Во 2015 година, Маџед Абдулазиз Ал-Сауд, саудиски принц, влегол на имотот и, според Холивуд Репортер, бил приведен од локалната полиција по наводните напади и зллоставувања на жени. Сепак, обвинителите на округот Лос Анџелес никогаш не го осудиле, бидејќи немало доволно докази за да заврши во затвор.

Во 2016 година, имотот го купил Гала Ашер, врвен програмер кој не живее во Лос Анџелес, но кој е познат меѓу славните како „дух“, зашто ретко може да го видите.

Експертот за програмирање вложил милиони долари за да го направи целиот имот „на копче“, каков што изгледа сега, но поради лични причини, одлучил да го продаде по неверојатна цена од 125 милиони долари. Но немало заинтересирани купувачи, па морал да ја спушти цената на 95 милиони. Сепак, „баксузниот“ имот не можел да го продаде ни за таа цена. Најпосле, Бен Афлек и Џенифер Лопез го купуваат за „само“ 60 милиони, односно за половина од почетната цена на продажба, зашто и Ашер конечно сакал што поскоро да се отараси од баксузот.

 

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....