22:58 - 5 април, 2026

Нова песна и уникатен музички спот: Лејди Гага ги почести фановите со нов хит! (ВИДЕО)

Славната пејачка Лејди Гага речиси една година нема објавено нов материјал, поточно уште од филмот со Бредли Купер, „A star is born“, фановите немаа прилика да слушнат нешто ново од популарната Гага.

Сепак, таа сега се одлучи малку да ги промени работите, па како и секогаш, во свој стил, објави нова песна со уникатен спот, кој е инспириран од филмот „Моќните ренџери“, а насловот на новата нумера е „Stupid Love“.

Токму синоќа на Јутјуб беше објавен и спотот за песната, кој според првичните реакции на обожавателите, собра доста позитивни критики.

Леди Гага во оваа прилика се одлучи за интергалактички костими, гламурозни сцени, и енергичен танц, а самата песна е инспирирана од осумдесетите години на минатиот век.

Во продолжение слушнете како звучи новата песна на Лејди Гага и погледнете го спотот:

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....