5.8 C
Скопје
01:03 - 1 април, 2026

Никогаш нема да погодите што се наоѓаше во чантата на младата актерка! (ФОТО)

Шармантната 10-годишна Џулија Батерс е најмлада ѕвезда од филмот „Once Upon A Time In Hollywood“, која се досети како може да ги спои убавото и корисното и ја насмеа планетата.

Profimedia

На црвениот тепих пред 92-то свечено доделување на Оскарите имавме можност да видиме неколку деца кои накратко го украдоа шоуто од своите славни колеги и номинирани ѕвезди.

И додека Роман Грифин Дејвис (12) и Арчи Јејтс (11), момчињата од филмот „Jojo Rabbit“, одлично си поминуваа и се шегуваа на црвениот тепих…нивната млада колешка Џулија Батерс (10) трпеливо позираше во стилот на голема филмска дива.

Profimedia

Тоа што малкумина го знаеа е дека Џулија, баш како возрасна личност, внимателно го испланирала своето доаѓање на доделувањето, а една од тајните за нејзиното добро расположение се криеше во нејзината чанта. Не само во тоа колку добро изгледаше во комбинација со нејзиниот моден избор, туку буквално внатре во чантата. Всушност, Џулија си спакувала сендвич.

Profimedia

Кога слушнала дека менито во Долби театарот ќе биде веганско, поради што Холивуд се воодушеви, малата актерка не била задоволна, па спакувала ужинка за полесно да ја помине повеќечасовното доделување на наградите. Нејзиниот избор беше сендвич со мисирка. 

„Не ми се допаѓа храната која ќе биде овде“, едноставно објаснила Џулија за време на разговорот со новинарите кои ги интересираше што таа носи во торбата.

Батерс инаку носеше чанта од модната куќа Марзук, вредна 2.500 долари, додека нејзината облека е дизајнирана од Кристијан Сиријано.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....