14:37 - 1 април, 2026

„Ни пристигна Богдана“: Ќерката на Гоца Божиновска сподели радосна вест, уште една прослава во домот на пејачката

Ќерката на пејачката Гоца Божиновска, Зорана Шијан, неодамна се породи, а сега во нивното семејство пристигна уште една принова.

Јелена Вучковиќ, постарата ќерка на Гоца Божиновска, се огласи и ја сподели радосната вест.

– Ни пристигна Богдана, теткино – напишала Јелена и додала емотикони со кои ја изразила својата среќа.

– Му благодарам на Бог, само нека се слави, имаше доволно грди работи. Гоца во моментот е во Америка, ќе биде таму два до три месеци за да помогне со сè. Јас би отишла, но треба да извадам виза со сопругот, тоа е процес. Сепак, дефинитивно планираме да одиме – токму летото, ќе има и многу семејство – открила Јелена неодамна за српски „Телеграф“.

Таа тогаш открила дека ќе стане двојна тетка:

– Го чекаме секој момент, броиме ситно, постојано сме на линија. Мислам дека треба да се породи за два или три дена. Ќе донесат девојче на свет, едвај чекаме! Ќе бидам најсреќната тетка. Очекуваме дури две девојчиња! Сестрата на мојата тетка е исто така бремена, двете треба да се породат во исто време. Пораснав со неа, ќе има мала разлика помеѓу бебињата – неверојатна приказна – восхитено рекла пејачката.

Инаку, Јелена се разведува од својот сопруг по 13 години брак.

– Точно така, се разведувам по 13 години брак. Тој водеше двоен живот, живееше со друга жена три години, јас дознав сè. Сè му посветив нему. Се обидував да спасам што можеше да се спаси, но не успеа. Го сакав, сакав да бидам само со него, но ете. Јас дури и не работев поради него, сè му посветив нему, а тој беше со други жени – рекла Јелена, задушувајќи ги солзите.

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....