07:40 - 18 јануари, 2025

„Некој те бара, јави се“: Аца Лукас тврди дека поранешната сопруга го изневерувала со познат кошаркар, велат дека е Марко Јариќ

Александар Вуксановиќ алијас Аца Лукас во својата книга „Ова сум јас“ опиша некои детали од бракот со Соња Вуксановиќ, а еден од поинтересните делови е кога открил дека неговата сопруга се допишувала со маж за кој се шпекулираше дека е српскиот кошаркар Марко Јариќ, поранешниот сопруг на светскиот топ модел Адријана Лима.

По детално опишаните кавги и навреди и нападите дека Лукас наводно ја изневерувал со некоја од „Ѕвездите на Гранд“, се појавија нови детали од книгата во која пејачот открива дека Соња наводно го изневерувала со српски кошаркар.

Како што напишал Лукас по бројните расправии, нивниот однос бил исклучително лош, а сè се сведувало на заеднички живот поради нивната ќерка и медиумите. Тогаш планирале и патување во Америка, меѓутоа, на Лукас му била одбиена визата и Соња одлучила да оди сама, па се сместила кај својата пријателка во Мајами.

– Се врати насмеана, среќата и се гледаше на лицето. Лежев на креветот и играв некоја хазардерска игра… За среќа или за несреќа – го здогледувам таблетот на Соња… Го вклучувам таблетот и гледам непотпишана порака, но со ликот на испраќачот. Слика, на неа некој со брада. Порака испратена од Америка – пишува Лукас.

Врз основа на описот, многумина дошле до заклучок дека се работи за познат кошаркар кој Лукас во книгата го криел зад псевдонимот „Мајами“, а тоа е познатиот кошаркар Марко Јариќ. Така Лукас решил Соња да ја притисне во ќош, па и приредил непријатна ситуација.

– Лукас веќе изесно време се сомнева дека Соња го изневерува. Не можеше да утврди за кого станува збор, сè додека една вечер не доби идеја да ги смени картичките во телефоните и во име на Соња да се допишува со личноста со која таа се гледа. Беше шокиран кога дозна дека тоа е Јариќ – рекол изворот.

– За да не се создава драма пред сè да излезе на виделина, една вечер, додека биле на вечера, во име на Соња му испратил порака на Јариќ веднаш да му се јави на телефон. Кошаркарот го направил тоа, а потоа Лукас ѝ го дал телефонот на Соња и рекол: „Некој те бара, јави се“. Таа се избезумила и засрамила, а фолкерот така сфатил дека, сепак, сè е вистина – заклучува изворот.

Инаку, Јариќ е поранешен сопруг на една од најубавите жени на светот, супер моделот Адријана Лима, со која има две ќерки Сиена и Валентина.

 

Слични објави

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо

Јелена Карлеуша призна, повеќе не ги крие чувствата кон кошаркарот: „Многу ми се допаѓа…“

Еспресо

(Фото) „Сите сме наши, само…“: Јована Јеремиќ се возеше во метро во Америка, патниците непријатно ја гледаа

apostolova

Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек беше тужена од ќерката на Видоје од првиот брак: На сѐ што има право едното дете, право има и другото…

Еспресо

(Фото) Презгодна Сандра: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ изгледа бомбастично во црн комбинезон

Еспресо
Се вчитува....