18.8 C
Скопје
16:54 - 11 март, 2026

Не сакаат никој да ги сожалува, туку да им се воодушевуваат: Психолошки профил на хороскопски знаци – ВАГА

Вага е единствениот предметен знак во Зодијакот. Нејзините два таса во графичкиот приказ мораат да бидат под рамномерен притисок за да има рамнотежа, а рамнотежата и складот се она кон што таа тежнее. Но штом постојат две страни, постои неодлучност, а тоа е особина која Вагата најмногу ја отсликува. Вагата е еден од најубавите знаци во Зодијакот, а сигурно и најсрдечна.

Припадниците на овој знак се друштвени и ведри. Држат до својот изглед, однесување и убави манири. Им значи да живеат во убаво и хармонично опкружување. Надворешниот изглед им е многу битен, често и премногу. Верувајќи дека позади една убава и негувана фасада се кријат вредни чувства, таа ќе им даде срце и доверба на крајно несигурни личности.

Сами си замислуваат добро расположение кога им е лошо, а грдите подочници ќе ги прикријат со дебел слој шминка или ќе избегнуваат контакт. Некои поради таквото однесување ќе ги нарекуваат дволични, но едно е вистина – тие само сакаат да го потиснат негативното. Обожаваат комплименти, подароци, а помило им е ласкањето отколку искрената критика.

Имаат многу познаници, но не и вистински пријатели. Не сакаат никој да ги сожалува, туку да им се воодушевуваат. Не сакаат грубости, агресивност и примитивизам. Кога се чувствуваат загрозени, не се бранат, туку бегаат обземени од паника и страв. Сето тоа е потенцирано кога се сами: кога се со некој кој ги сака, се чувствуваат силни и сигурни.

Слични објави

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin
Се вчитува....