22:24 - 5 април, 2026

НАПРАВЕТЕ КАПУЧИНО ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Ви носиме совршен рецепт за кремаста торта богата со вкус на кафе!

Во тајните на Капучино торта без печење рецепт не воведен шеф  Давор Панчевски.

шеф  Давор Панчевски, фото – приватна архива

Оваа торта е кремава, богата со вкус на кафе и претставува вистинско слатко задоволство кога посакувате да подготвите нешто благо а не сакате да поминувате долго време во кујната. Комбинацијата на слатка павлака и капучино е вистинско сладострастие на вкусови за кои сум сигурен дека ќе ви се допаднат.

Ајде да ја подготвиме оваа неодоливо вкусна и брза капучино торта.

Потребни состојки:

1 л. Слатка павлака

10 лажици шеќер

6 јајца

1 кг бисквити

млеко за потопување на бисквитите

5 лажици капучино

ПОДГОТОВКА

Најпрво во длабок сад изматете ја слатката павлака во цврста шлаг пена. Матете со миксер околу 7-8 минути додека не добиете многу густ шлаг.

Во друг длабок сад изматете ги јајцата заедно со шеќерот околу 10 минути, додека тројно не го зголемат својот волумен.

Соединете ги изматената шлаг пена и изматените јајца заедно и додајте го капучиното. Добро промешајте и подготвениот фил ставете го на страна.

Земете калап каде што ќе ја наредите тортата и наредете еден ред со бисквити кои претходно ќе ги потопите во млеко. Нанесете од филот со капучино и премачкајте со помош на шпатула. Повторете повторно уште еден ред со потопени бисквити во млеко и филот со капучино. Премачкајте и постапката повторете ја се додека не ги потрошите бисквитите и филот. Премачкајте ја цела торта со преостанатиот фил и оставете да се стегне околу 3-4 часа во ладилник.

Пред сервирање наросете ја цела торта со какао и пресечете парче. Послужете со шолја кафе.

Со само неколку состојки до совршена торта без печење. Не чекајте, точните мерки за состојките ќе ги најдете во описот на ова видео.

УЖИВАЈТЕ!

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....