14.9 C
Скопје
01:04 - 5 јуни, 2026

Направете го тестот и откријте колку години има вашиот мозок

Доктор Винсент Фортанаск, професор по неврологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, дизајнираше тест што може да укаже на староста на мозокот. Освен што е корисно затоа што може да открие ризик од деменција, во секој случај е и забавно. Направете го тестот и откријте колку години има вашиот мозок.

Како да го решавате тестот? На секое прашање одговорете со „да“ или „не“, на крајот соберете ги потврдните одговори и погледнете ги резултатите.

1. Спијам седум или повеќе часа во текот на ноќта.
2. Секој ден јадам пет или повеќе парчиња овошје и зеленчук со висока содржина на антиоксиданти (цитруси, зелени пиперки, спанаќ, брокула, јаболка, домат, кељ).
3. Дневно јадам барем еден оброк боровинки, малини или капини.
4. Најмалку трипати неделно јадам риба богата со омега-3 масти (како што се лосос и скуша).
5. Најмалку петпати дневно консумирам замени за рибини масла богати со омега-3 масни киселини или ленено масло.
6. Со дневното внесување на витамини, исто така, земам и фолна киселина.
7. Секојдневно земам мала доза на аспирин, за кој истражувањата покажале дека може да го забави изумирањето на мозочните клетки.
8. Пијам црвено вино или сок од грејпфрут најмалку петпати неделно.
9. Вежбам речиси секој ден најмалку 30 минути.
10. Најмалку петпати неделно читам книги, решавам крстозборки или судоку или се занимавам со активности за кои е потребно учење, памтење, анализа или решавање на проблемите.
11. Мојата вредност на вкупниот холестерол е под 5 ммол/л.
12. Вредноста на лошиот холестерол (т.н. ЛДЛ) ми е помала од 3 ммол/л.
13. Некои членови на моето семејство живееја 80 или повеќе години без губење на памтењето. Имам гени за долговечност.
14. Не страдам од дебелина.
15. Се хранам медитерански (многу овошје, зеленчук, житарки, мешунки, ореви, лешници, семки, маслиново масло, малку црвено месо).
16. Наместо путер и маргарин, користам маслиново масло.
17. Никогаш не сум пушел/а цигари.
18. Имам нормален крвен притисок.
19. Немам дијабетес.
20. Немам метаболички синдром (група метаболички нарушувања како што се отпорност на инсулин (инсулинска резистенција), таложење на масно ткиво во подрачјето на стомакот, висок холестерол и висок крвен притисок).
21. Немам нарушување на спиењето, како што се ‘рчење, нелекувана несоница или опструктивна апнеја.
22. Неконтролираните дневни стресни ситуации не ми претставуваат проблем.
23. Уживам во многу активности со моите пријатели, колеги и семејството. Негувам добри и здрави меѓучовечки односи со семејството и пријателите.
24. Немам проблеми со краткорочна и долгорочна меморија.
25. Ќе направам сè што треба за да ја спречам Алцхајмеровата болест.

Резултати:
23-25 ​​потврдни одговори: Одземете 15 години од бројот на вашите години и ќе го добиете бројот на годините што ги има вашиот мозок. Ако нешто не се промени драстично, имате исклучително мал ризик да заболите од Алцхајмерова болест.
20-22 потврдни одговори: Одземете 10 години од бројот на вашите години и ќе ја добиете староста на вашиот мозок. Обрнете внимание на прашањата на кои одговоривте „не“ и обидете се да ги промените тие однесувања.
15-19 потврдни одговори: Возраста на вашиот мозок е еднаква на бројот на вашите години. Можеби спаѓате во ризичната група и може да заболите од деменција. Променете ги лошите животни навики.
12-14 потврдни одговори: Додадете пет години на бројот на вашите години и толку е стар вашиот мозок. Вие спаѓате во ризичната група и ако не ги промените лошите навики, постои веројатност да добиете Алцхајмерова болест. Посетете лекар и разговарајте со него за овој проблем.
0-11 потврдни одговори: Додадете 10 години на бројот на вашите години – толку е стар мозокот. Разговарајте со вашиот лекар за можните начини да се справите со стресот.

Слични објави

(Видео) На нејзината фигура ѝ завидуваат двојно помлади од неа – Цеца Ражнатовиќ откри што секогаш има на нејзиното мени

Еспресо

(Фото) Кратка фризура и шишки – целосна трансформација на Аница Лазиќ

Еспресо

„Зошто децата треба да бидат вмешани во афери?“: Харис Џиновиќ проговори за помирувањето со неговата ќерка Ѓина

Еспресо

Зуица Лазова за најтешкиот разговор во животот: Најтешко ми беше да му кажам на татко ми

Еспресо

(Фото) Пристигна новата колекција на „Прагма“ – одберете елеганција инспирирана од светските модни метрополи

Еспресо

Убав повод за славење кај Дани Димитровска: Тишината кажува повеќе од многу гласни победи

Еспресо
Се вчитува....