13.8 C
Скопје
18:38 - 29 октомври, 2026

Како Андреа Бочели ја освоил сопругата за само три минути

На пејачот Андреа Бочели (63) не му требало многу време да се заљуби во сегашната сопруга Вероника Берти (38).

Иако тие официјално се венчаа на 21 март 2014 година, Андреа еднаш изјави за The Guardian дека „нивниот брак всушност започнал кога се запознале“.

Во 2002 година актерката и прославениот тенор завршиле на иста забава. Андреа ѝ ја отпеал аријата Occhi Di Fata (Самовилски очи), која трае три минути. Вероника тогаш имала 18 години, а Андреа штотуку се развел од првата сопруга Енрика, со која бил во брак 10 години и имаат два сина.

„Сите беа таму, тоа беше навистина прекрасен момент меѓу нас. Тоа беше најбрзиот почеток, бидејќи таа вечер почнавме да живееме заедно“, рече тој.

Според него, разликата од 25 години ги направила работите „полесни, а не потешки“.

„Големата разлика во годините е традиција во моето семејство – постоеше и кај татко ми и мајка ми. Освен тоа, јас сум многу религиозен, а разликата во годините е нешто што често го гледате во библиските бракови“, рече Бочели.

Вероника вели и дека музиката отсекогаш ги спојувала, а во 2012 година кога ја добиле ќерката Вирџинија заедно изведоа прекрасна верзија на љубовната песна „Qualche Stupido“.

Андреа Бочели од мал имал проблеми со очите и му бил дијагностициран глауком. Пејачот целосно го загубил видот по фудбалска несреќа кога имал само 12 години.

Бочели ќе настапи во Белград на 22 јули во рамките на музичкиот настан „Белград Ривер Фест“.

Слични објави

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што појадуваат неговите синови: Детаљ во чинијата на малиот Жељко ги потсети сите на детството

Еспресо

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

(Фото) Елена Велевска го прослави 46. роденден во Охрид — запеа со ќерката Софија, а тортата беше вистинско изненадување

К.С.

Дарко Лазиќ инвестира богатство во имотот во Војводина – работата е во полн ек

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај децата – како да се идентификува и што да се преземе

Еспресо
Се вчитува....