Алесандра Амбросио (38) е една од најубавите манекенки на светот, пред две години ги напушти „Ангелите на Викторија Сикрет“ и со тоа автоматски се пензионираше.
Сепак, според нејзиниот изглед никој не би ја нарекол пензионерка ниту пак би претпоставил дека токму неа може да ѝ се даде тој епитет.
Амбросио изгледа уште помладо од претходно додека беше манекенка на нејзини 20-на години, а за тоа сведочат нејзините фотографии кои можат да се видат на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а кои се напарвени на егзотични дестинации.
Не се сомневаме дека и понатаму целата плажа се врти кон неа и дека целото внимание е насочено кон неа, со оглед на тоа што нејзиното тело и во четвртата деценија е извајано и сексапилно.
Популарната Бразилка моментално одмара во нејзината земја со момчето кој е италијански дизајнер – Никола Одие.