7.8 C
Скопје
06:24 - 18 март, 2026

НА ПОВИДОК СМИРУВАЊЕ: Хари и Меган ќе ја закопаат борбената секира со кралското семејство!?

меган маркл, принц хари

Пред точно една година, во интервјуто со Опра Винфри, принцот Хари ги кажа – заедно со неговата сопруга Меган Маркл – своите вистини за животот во кралската палата. Детали и анегдоти кои, се разбира, се однесуваат на најважните членови на семејството Виндзор, вклучувајќи го и неговиот татко Чарлс и братот Вилијам.

„Тие се заробени во систем, како што бев јас“, отворено рече војводата од Сасекс.

„Кога изразив подготвеност да го напуштам Лондон, татко ми ме замоли да напишам сè. Разговаравме само по имејл“, откри Хари. „Се чувствувам навистина разочарано, бидејќи тој поминал низ вакво нешто и затоа ја знае болката што ја чувствувам. Но, јас секогаш ќе го сакам, како што ќе го сакам мојот брат “, додаде тој. „Вилијам и јас поминавме низ пекол заедно, иако нашата врска денес е „на мирување““.

Но, дванаесет месеци подоцна изгледа дека работите тргнаа на подобро. Според она што експертот Камила Томини го откри за британски Телеграф, „се верува дека денес Чарлс одржува редовен контакт со Хари“, додека „односот меѓу браќата се уште не е закрепнат“.

Се разбира, степенот на „напнатост“ во Виндзор им е познат само на директно инволвираните, но на хоризонтот се надѕира светлина и совршената можност за обновување на добри и ставилни врски со семејството.

Имено, на почетокот на јуни, ќе се случуваат прослави за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, на кој природно е поканет и Хари.

Прашањето е дали тој навистина ќе пристигне во Англија со своето семејство, избегнувајќи ја контроверзноста?

Таблоидите се поделени: има такви кои тврдат дека Хари и Меган ќе пристигнат во Англија во полн сјај со што ќе ја поништат приказната за раздорот со кралското семејство, но има и такви кои мислат поинаку – дека Хари и Меган нема да присуствуваат на јубилејот на кралицатам туку ќе останат во Калифорнија поради тоа што принцот веќе не може да добие телохранители, а тој до сега се залагаше да ја врати придружбата на Сколтанд Јард.

Сепак, преовладуваат позитивните мислења дека семејството конечно ќе ја „закопа“ воинствената секира, во полза на сите членови.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....