Баладата „My heart will go on“ е најголемиот хит во богатата музичка кариера на Селин Дион, дивата со ангелски глас која вчера го прослави 52. роденден.
Селин Дион на почетокот не сакала да ја отпее химната на љубовта, но судбината сакаше поинаку.
Вториот најпродаван сингл на женски изведувач во историјата и осми најпродаван сингл воопшто, песната „My heart will go on“, стекна титанска популарност, исто како и филмот „Титаник“.
Помеѓу 11-те Оскари кои филмот ги освои, се наоѓа и Оскарот за најдобра песна, а исто така освои и Златен глобус и Греми награда.
Песната од петтиот студиски албум на англиски јазик на Селин Дион под назив „Let’s talk about love“ од 1997 година, го достигна првото место на бројни музички листи во сите земји.
Композиторот Џејмс Хорнер најпрво склопуваше музика како инструментален мотив кој се појавува во неколку сцени во „Титаник“.
Таа музичка тема беше инспирирана од песната „Flying Dutchman“ на бендот „Jethro tull“. Хорнер потоа сакаше да подготви цела вокална верзија за користење на самиот крај од филмот, кога ќе започне одјавната шпица.
Текстописецот Вил Јенингс ги напиша стиховите од перспектива на личност во длабока старост која се сеќава на далечното минато.
Меѓутоа, режисерот Џејмс Камерун, не сакаше таква песна, но Јенингс сепак ја направи по свое и го напиша текстот.
Интересно е тоа што кога Селин Дион првпат ја слушнала песната одбила да ја сними, бидејќи сметала дека ќе „предизвика среќа“ ако отпее уште една главна филмска тема по песната „Beauty and the beast“ од истоимениот анимиран филм.
Сепак, менаџерот и сопруг на пеајчката, Рене Анжелил, успеа да ја убеди да сними демо верзија од оваа песна.
Хорнер само го чекаше вистинскиот момент кога Камерун ќе биде добро расположен за да му ја претстави песната. Откако ја преслушал неколку пати, режисерот конечно ја одобрил, иако се грижел дека ќе го критизираат дека подлегнал на комерцијала на самиот крај од филмот.
Нешто подоцна, „My heart will go on“, стана најголем хит на Селин Дион и еден од најпродаваните синглови во историјата, продаден во повеќе од 19 милиони копии ширум светот.
Во Велика Британија песната е продадена во повеќе од 1,6 милиони примероци, па тоа стана вториот синлг на Селин продаден во повеќе од милион примероци во Велика Британија, по песната „Think twice“ од 1995 година.