05:02 - 21 декември, 2024

Месечен хороскоп – јуни: Месец на љубовта за Биковите, голема среќа за Близнаците, нови можности за Водолиите…

Во месец јуни, планетата Венера ќе остане поголем дел од времето во знакот Бик, „палејќи“ ги срцата на сите хороскопски знаци, но на различен начин… А кој знак сте вие? Откријте сега со нас што ви подготвуваат ѕвездите за месец јуни!

Денес е Младата Месечина во Бик, еве што ќе им предизвика на хороскопските знаци, а најмногу ќе ги погоди Рибите, Лавовите, Близнацит и Стрелците

Овен: станувате посилни!
Почнувајќи од месец мај за вашиот знак започна добро закрепнување кое ќе се консолидира во месец јуни. Спојот на Марс и Јупитер ќе ви гарантира голема енергија и ќе донесе среќа во сите ваши потфати. Втората половина од месецот ќе биде особено среќна од професионален аспект, исто така благодарение на наклонетоста на Меркур. Понатаму, од 23-ти, Венера повторно ќе биде активна, носејќи ви многу љубовни чувства.

Бик: месец на љубовта!
Месец јуни ќе биде цел со љубов! Планетата Венера, која неодамна влезе во конјукција, ќе остане во вашиот знак до 23-ти ден, подготвена да ви подари љубов и страст. Меркур ќе биде со вас и во првата половина од месецот, што ќе биде особено среќно од професионален аспект. Конечно можете повторно да почнете да сонувате големи сништа: ќе ги сретнете вистинските луѓе за да ги постигнете вашите цели!

Близнаци: среќен месец!
Драги Близнаци, месец јуни ќе биде дефинитивно среќен за вашиот знак, особено во втората половина. Почнувајќи од 13-ти ден, планетата Меркур ќе влезе во конјукција, подготвена да ви даде добри можности на професионално поле, фаворизирана и од планетата Јупитер. Венера, од своја страна, ќе влезе во вашиот знак почнувајќи од 23-ти ден: крајот на јуни ветува дека ќе биде особено страстен, со средби за паметење!

Рак: малку уморни …
Месец јуни ќе донесе добри вести за вашиот знак, но и малку повеќе умор. Ќе има можности на професионално поле, фаворизирани од комуникативниот Меркур, барем до 13. ден. Венера, од своја страна, ќе ви донесе среќа на полето на чувствата до 23-ти. Марс и Јупитер во неповолна положба ќе направи да чувствувате поголем стрес, особено на работа.

Лав: малку трпение…
Месец јуни не започнува баш најдобро за вашиот знак, но дефинитивно се подобрува во втората половина. До 13-ти ден, всушност, ќе мора да го издржите Меркур во неповолна положба што може да донесе уште некои пречки на вашиот пат. И на сентиментално поле може да има тензии, но само до 23ти. Последниот дел од јуни ќе го врати спокојството во вашиот живот и ќе ги донесе вистинските решенија.

Девица: подеми и падови …
Драги Девици, месецот јуни ќе ви донесе добри вести, барем до 13-ти ден.Почнувајќи од тој датум, планетата Меркур ќе ви го сврти грбот и – особено на работното место – може да настане привремен застој. Во љубовта среќата ќе биде загарантирана до 23 ден: во последниот дел од месецот планетата Венера ќе ви го сврти грбот и може да настанат премногу расправии меѓу вас и партнерот…

Вага: Меркур се грижи за вас!
Драги Ваги, месец јуни ќе ви приреди убави изненадувања, особено во втората половина. Секако, спротивставувањето на Марс и Јупитер ќе се почувствува, создавајќи стрес и замор, особено на работа… Сепак, ќе има добри вести и нови можности почнувајќи од 13-ти ден, благодарение на наклонетоста на Меркур. Љубовта ќе ви се насмевне од 23-ти ден, кога Венера конечно ќе се врати на ваша страна.

Шкорпија: тежок месец …
Драги Шкорпии, за жал, месец јуни не започнува најдобро за вашиот знак: Меркур ќе биде во опозиција до 13, а Венера до 23. Ќе биде прилично тежок месец, особено во однос на чувствата: некои парови би можеле да доживува вистинска криза, која сепак ќе најде решение пред доаѓањето на летото. И на работа вториот дел од јуни ќе биде подобар од првиот.

Стрелец: уште неколку пречки …
Месец јуни нема да биде лесен за вашиот знак, кој ќе треба да се справи прво со спротивставувањето на Меркур (почнувајќи од 13-ти ден), а потоа со она на Венера (почнувајќи од 23-ти ден). На работа може да наидете на препреки, но убавиот Марс ќе ви даде физичка сила и енергија што ќе ви треба за да ги надминете истите, а исто така благодарение на поволниот Јупитер ќе имате загарантирана среќа. Љубовта носи кризи и кавги во последниот дел од месецот.

Јарец: не се лутите премногу …
Месец јуни ќе ве натера да се чувствувате малку поуморно, благодарение на неповолните транзити на Марс и Јупитер. Можеби нешто нема да оди како што сте планирале, особено на работа: не бидете премногу лути и обидете се да го искористите неочекуваното како можност. Во љубовта ќе бидете заштитени од планетата Венера до 23. ден. Меркур исто така ќе биде на ваша страна во првата половина од месецот и ќе ви донесе убави средби.

Водолија: нови можности …
Драги Водолии, месец јуни започнува прилично слабо за вашиот знак, кој ќе мора да ја издржи неповолната Венера до 23 ден и подеднакво неповолниот Меркур до ден 13. Љубовта ќе донесе уште некои кавги и дискусии, но се што ќе има тенденција да реши – ќе се реши во последната недела од месецот. На работа, пак, во втората половина на јуни ќе процутат нови можности, сите да се искористат!

Риби: Венера се грижи за Вас!
Драги Риби, месец јуни ќе биде дефинитивно среќен за вашиот знак од сентиментална гледна точка: планетата Венера, во поволна положба до 23-ти ден, ќе ви пружи љубов и страст, без разлика дали сте слободни или не. На професионален план, сепак, среќата ќе ви се насмевне во првиот дел од јуни, кога ќе го имате Меркур активен во ваша корист. Во втората половина, за жал, ќе ви го заврти грбот и може да дојде до забавување или непријатности на работа.

Неделен хороскоп (30 мај – 5 јуни): Среќа за Биковите и Близнаците, исполнување на сонот за Рибите, добри вести за Раковите…

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....