5.8 C
Скопје
01:22 - 1 април, 2026

Меган Маркл доби работа: Дизни ја ангажираше за новиот документарец! (ФОТО)

Пред неколку месеци Меган Маркл (38) прифати да го позајми гласот за продукциската куќа „Дизни“, а оттаму за возврат најавија дека ќе донираат средства за добротворната организација која ги штити слоновите. Британските медиуми започнаа да шпекулираат дека работата пропадна, а Меган ја повикаа и креаторите на „Симсонови“, но тогаш Дизни сепак се огласи.

Меган стана нараторка во документарниот филм „Elephant“, кој од 3 април ќе се прикажува на каналот на Дизни+. Светски познатото студио ја објави веста на својот службен твитер-профил.


Многу прашина дигна оваа објава на „Дизни“, особено поради снимките кои британските медиуми ги „ископаа“, а на кои Хари „фаќа врски“ за работа за неговата сопруга кај шефот на „Дизни“, Боб Игер.

Едни се воодушевени и најавуваат дека филмот сигурно ќе го гледаат со своите деца, додека оние кои не се обожаватели за некогашниот кралски пар пишуваат коментари до „Дизни“ од типот на „Затнете ги ушите кога таа ќе почне“ и „Фала, но не сакам да учествувам во ова и да го гледам филмот“.

Пред венчавката со принцот Хари, Меган се занимаваше со глума, а позната улога имаше во популарната серија „Suits“. Со веридбата и потоа со бракот со член од кралското семејство, таа се откажа од својата актерска кариера на која сега полека и се враќа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....