5.8 C
Скопје
01:55 - 1 април, 2026

Меган Маркл и принцот Хари одбија да престојуваат под покривот на принцот Чарлс

Принцот Чарлс ги поканил Хари и Меган Маркл да престојуваат во неговата куќа за време на нивното патување во Велика Британија, но војводите од Сасекс одбиле, известува Мирор.

Според пријател на синот на кралицата, принцот Чарлс не сакал да обрнува внимание на „нападите“ на војводите од Сасекс врз кралското семејство, туку сака помирување. Сепак, неговата добронамерна понуда била одбиена.

Војводата и војвотката од Сасекс треба да пристигнат во Велика Британија на 5 септември за да учествуваат на младинскиот самит во Манчестер. Оттаму ќе отпатуваат во Германија на отворањето на Инвиктус Гејмс, пред повторно да се вратат во Велика Британија за доделување на наградите „WellChild“ во Лондон.

Меган Маркл и принцот Хари се очекува да престојуваат во Замокот Фрогмор. Според „Мирор“, војводите од Сасекс не планираат да се сретнат со принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца. Нема информации дали ќе се сретнат со кралицата Елизабета која моментно се наоѓа во имотот Балморал.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....