10.8 C
Скопје
07:55 - 4 мај, 2024

Меган Маркл би добила огромни пари доколку се разведе од Хари: Колку би добила како компензација?

Меган Маркл и принцот Хари, наводно, се на врвот на најдлабоката криза во нивниот контроверзен брак.

Неуспехот на неколку нивни работни проекти, наводно, ја натера двојката да размислува за развод. Се тврди дека не можеле да генерираат пари онолку колку што им се потребни за самостоен живот (с е разбира, на висока нога) од нивните проекти по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Со оглед на се погласните гласини за разделба, британскиот печат почна да шпекулира каков би можел да биде економскиот договор за американската актерка, а дури се шпекулира и дека постои предбрачен договор кој на Маркл ѝ гарантира цело богатство. Се тврди дека договорот не поминал добро кај кралот Чарлс III, кој не се согласувал со однапред договорената сума, но сепак, сумата е тука, со потпис и печат.

Наводната клаузула предвидува дека Меган треба да добие 80 милиони долари само за алиментација на нивните деца, Лилибет и Арчи, според „Дејли мејл“.

Економското прашање не би било единствената компликација во овој развод, со оглед на тоа што самиот Хари би имал целосно старателство над децата, а тоа е нешто со што Маркл не се согласува, па таа исто така би се обидела да се избори за старателство над нивните деца преку судови. Старателството би било главната причина за голема расправија во разводот.

Врската, наводно, се влошила по пандемијата во 2020 и 2021 година поради финансиски проблеми: неуспех на работа, економски рецесии, а исто така и смртта на бабата и дедото на Хари: принцот Филип и кралицата Елизабета Втора, а сето тоа ја спречило двојката да напредува во нивните работни проекти.

Во средината на јули, двојката го загуби договорот од 20 милиони долари со Spotify откако подкастот на Меган, „Archetypes“, не генерираше доволно приходи за да се обнови за втора сезона. Додека документарниот филм што го направија за Нетфликс, „Хари и Меган“, кој ја прикажува нивната љубовна приказна со вклучени скандали од страна на медиумите и кралското семејство, не успеа да добие номинација за Еми.

Во случајот на Хари, британската круна ќе му даде поддршка на војводата од Сасекс, бидејќи кралот Чарлс наводно му рекол на својот помлад син дека може да ги врати своите кралски привилегии откако ќе се разведе.

Сепак, Меган сака и да ја задржи титулата војвотка од Сасекс, да остане член на британското кралско семејство, а тоа може да биде судски случај дури и ако се случи развод.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....