17:19 - 10 ноември, 2026

Џуди Денч се пожали на тешкотии при снимање со губење на видот: „Морам да се помирам со тоа…“

Актерката Џуди Денч признава дека има проблеми со снимањето поради слабиот вид.

Актерката Џуди Денч призна дека ѝ е се потешко да работи поради брзото губење на видот. Според Бонд ѕвездата, таа веќе тешко чита сценарија. Нејзините зборови се објавени од Deadline.

„Поточно, повеќе не можам да гледам на сетот – не толку колку да читам. Така да не гледам многу. Но, знаете, само треба да се помирите со тоа “, призна актерката.

88-годишната уметница продолжи дека сè уште не нашла друг начин да работи удобно на сетот. Проблемот е што таа има фотографска меморија.

Во февруари 2023 година, Денч изјави дека лесно ги учи своите улоги поради особеноста на нејзината меморија: сè уште може да ја цитира Шекспировата „Дванаесетта ноќ“ без подготовка. Во исто време, новите текстови ѝ се тешки.

Во 2012 година, на актерката ѝ беше дијагностицирана макуларна дегенерација. Оваа болест влијае на видот, меѓутоа, според студиите на Универзитетот Џон Хопкинс, луѓето ретко ослепуваат од неа.

Меѓу најновите проекти на Денч е биографската драма Белфаст, за која актерката беше номинирана за Оскар во категоријата за најдобра споредна женска улога во 2021 година.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....