5.8 C
Скопје
01:54 - 1 април, 2026

Меган и Кејт ќе се разминат во Лондон: Војводите од Кембриџ нема да бидат таму за време на јубилејниот викенд

кејт мидлтон меган маркл

Кејт Мидлтон и Вилијам нема да бидат во Лондон за време на јубилејниот викенд на кралицата.

Веднаш по „Trooping di Colour“ и поздравот до толпата, војводите од Кембриџ ќе го напуштат главниот град и ќе заминат на нивното омилено место во Велс, претставувајќи ја кралицата таму.

Врв на прославите ќе биде првиот (долг) викенд во јуни, но настаните планирани за програмата на прославите на првиот платинест јубилеј на крлицата нема да бидат концентрирани само во Лондон. Целото Обединето Кралство ќе биде вклучено во забавата во чест на кралицата Елизабета, па затоа членови на кралското семејство ќе се обврзат да ја претставуваат преку посети и кратки турнеи надвор од Лондон.

Први ќе заминат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Откако ќе ги поздрават своите поданици од балконот на Бакингемската палата на крајот на Trooping the Color, во четврток на 2 јуни, војводите од Кембриџ ќе тргнат на пат кон Велс, место кое им е многу драго. Во 2011 година, годината на нивната венчавка, Вилијам и Кејт всушност живееле овде, на малиот остров Англеси (тие биле првите членови на кралското семејство што живееле заедно пред свадбата) каде што принцот ја завршувал обуката во Кралските воздухопловни сили. „Овој остров беше нашиот прв дом и засекогаш ќе остане посебно место за нас“, рече Вилијам, оставајќи го Англеси по раѓањето на Џорџ, кој тука ги помина првите месеци од животот.

Вујко Едвард и неговата сопруга Софи од Весекс, која исто така ќе биде до кралицата на балконот, ќе заминат во Северна Ирска по церемонијата со која ќе започнат прославите, многу важна посета и од политичка гледна точка во моментов, по историскиот успех на Шин Феин – поранешната политичка рака на ИРА, а која неодамна победи на  локални избори.

Во Шкотска, од друга страна, ќе замине принцезата Ана: не случајна дестинација со оглед на тоа што во 2000 токму таа ја доби најголемата шкотска чест – орденот, како признание за посветеноста кон подобрување на Шкотска. Тука, меѓу другото, принцезата се омажи за својот втор сопруг Тимоти Лоренс.

Бакингемската палата сè уште не ги објавила деталните планови за патување, па не е познато дали сите ќе се вратат од своите обиколки навреме за Денот на благодарноста во катедралата Свети Павле.

Пред неколку дена пак, се објави веста дека кралицата решила на балконот да ги прими само „членовите на кралското семејство кои во моментот ги исполнуваат јавните обврски во име на кралицата“ и нивните деца, практично исклучувајќи ги Ендрју и Хари со сопругата Меган Маркл.

Со патувањето на Кејт и Вилијам и со неприсуството на балконот од страна на Хари и Меган, излегува дека двете снашки нема да се видат, односно ќе се разминат, исто како и двајцата браќа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....