13:04 - 2 април, 2026

МАРТИНА НИ НОСИ РЕЦЕПТ ЗА МЕРАК: Полнето пилешко со крем сирење, спанаќ и сувомеснато

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи полнето пилешко со крем сирење, спанаќ и сувомеснато.

– Многу едноставен и лесен предлог за ручек кој ви препорачувам да го пробате во најскоро време, порачува Мартина.

Намирници

600 грама пилешко месо

100 грама крем сирење

1 рака спанаќ

неколку парчиња сувомеснато

instagram

МЕТОД

Пилешките парчиња месо засечете ги на средина со цел да добиете џеб, или едноставно само засечете ги до крај па потоа со чачкалици затворете ги. Врз парчињата месо ставете зачини и малку масло.

За филот измешајте го крем сирењето со исецканиот спанаќ и сувомеснато. Ставете од филот по околу 1 лажица во секое парче и убаво затворете.

Наполнетите парчиња месо ставете ги во тава со загреано масло и пржете ги по околу 4-5 минути од двете страни за да добијат убава златно-кафена боја, па префрлете ги во рерна и печете ги околу 15-20 минути.

Послужете со свежа салата, сувомеснато, а доколку ви остане од филот може да го сервирате како топка крем салата.

– Сочно, вкусно и брзо ручече кое ќе ве воодушеви дома, а слободно може и да го измените филот – заклучува Мартина.

instagram

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....