17:18 - 1 април, 2026

Марија Шерифовиќ откри како ќе му објасни на синот зошто расте со еден родител: Ќе дадам сѐ од себе

Пејачката Марија Шерифовиќ кон крајот на претходната година ја оствари најважната улога во животот кога го доби наследникот Марио. Таа не крие колку ужива во мајчинството, а своите следбеници на социјалните мрежи речиси секојдневно ги известува за тоа како го поминува времето со својот син.

Сепак, таа не зборува многу за наследникот во јавноста, а сега направи исклучок и откри како успева да ги балансира мајчинството и кариерата.

– Голем предизвик е! Колку и да бев подготвена за нов живот и различни приоритети, заедно со големата љубов што ми ја донесе Марио, имаше и многу лични предизвици. Но, не се жалам, уживам во секоја секунда – рекла пејачката и открила дали размислувала како на Марио ќе му објасни зошто расте во поинаква семејна средина во споредба со традиционалната.

– Кога ќе дојде време, ќе дадам сѐ од себе да го подготвам за сите околности. Мислам дека за секое дете најважно е да расте во љубовна средина – рече Марија , додавајќи:

– Мојот најголем сон се оствари и се вика Марио. Отсега јас и син ми сонуваме заедно.

Марија открила и дека многу ѝ значат советите кои ги добива од други и поискусни мајки.

– Многу ми значат позитивните и искрени коментари кои ги добивам од моите следбеници. Морам да признаам, имаше и практични совети кои ги применив. Отсекогаш сум имала многу близок контакт со мојата публика, така е и сега – додаде таа.

Слични објави

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin
Се вчитува....