16:54 - 1 април, 2026

Мараја Кери добила тужба поради нејзиниот најголем хит: Ѝ бараат 20 милиони долари

Пејачката Мараја Кери се соочува со тужба од 20 милиони американски долари бидејќи со нејзиниот хит од 1994 година, „All I Want For Christmas Is You“ наводно ги прекршила авторските права, пренесува Јутарњи.хр.

Против неа тужба поднел текстописецот Енди Стоун, а покрај Мараја го тужел и кантавторот на нејзиниот хит.

Мараја оваа песна ја сними и објави во 1994 година на албумот „Merry Christmas“, а за време на празниците ова е дефинитивно најслушаната песна.

Меѓутоа, во правните документи поднесени до Американскиот окружен суд во Луизијана, Стоун тврди дека тој бил коавтор на таа песна во 1989 година и дека никогаш не дал дозвола за нејзина употреба.

Во споменатите документи стои дека пејачката и нејзините соработници „свесно и намерно учествувале во кампањата за кршење на авторските права на Стоун за песната“. Се додава дека обвинетите извршиле и „дела на неосновано збогатување со неовластено присвојување на работата на тужителот“, а Стоун за ова бара отштета од 20 милиони долари.

Албумот „Merry Christmas“ беше издаден од Columbia Records на 1 ноември 1994 година. Тој е најпродаваниот американски божиќен албум на сите времиња, продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот.

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....