16:41 - 10 ноември, 2026

Дали Шакира со песната ги потврди гласините? „Ти честитам на добрата глума“

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике денеска потврдија дека се разделуваат по 12 години врска.

– Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето – изјавила пејачката, пренесува Дејли Мејл.

Според пишувањата на медиумите, причината за разделбата е неговото неверство, а многумина сега зборовите на нејзината најнова песна ги поврзаа со љубовниот крах и веруваат дека имале проблеми во врската и пред неговото неверство, со оглед на тоа што песната е објавена порано. Врската меѓу Пике и Шакира наводно долго време била „затегната“, а родителите на соучениците на нивните синови тврдат дека извесно време ги немаат видено Пике и Шакира заедно.

„За да те дополнам, се уништив себеси. Бев предупредена, но не обрнував внимание. Сфатив дека сè што е твое е лажно, тоа беше капка која ја прели чашата. Немој да ми кажуваш дека ти е жал иако изгледаш искрен. Те познавам добро и знам дека лажеш. Секоја чест за добрата глума во која ме убеди. Среќно со понатамошните улоги, добро изгледаш во таа претстава”, се зборовите на песната „Te Felicito”, (Ти честитам).

Сепак, ова се само шпекулации, не е познато дали со стиховите Шакира навистина сакала да му испрати порака на својот неверен партнер.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....