5.8 C
Скопје
07:19 - 1 април, 2026

Манекенка од Полска ги тетовираше очите, а сега може да остане потполно слепа: Човекот кој ја тетовирал направил грешка (ФОТО)

Манекенката од Полска, Александра Садовска, која остана без вид на десното око поради тетоважа која ја направи токму на него, веројатно ќе остане целосно слепа.

Истрагата утврди дека човекот кој ја тетовирал направил низа на грешки, а тој исто така употребил мастило кое не смее никако да се најде во контакт со очите, пишува „Дејли Мејл“.

„Постојат јасни докази дека лицето кое ја тетовираше не знаеше како да ја изведе оваа комплицирана работа. И покрај тоа што не знаел, тој сепак ја прифатил работата“ – информираат адвокатите на Александра.

И самата Александра истакна дека е загрижена.

 – За жал, докторите засега не се оптимистични за тоа дека работите би можеле да се одвиваат на подобро. Штетата е премногу голема. Се плашам дека ќе останам слепа. Сепак, нема да се заклучам во подрум и да дозволам да паднам во депресија. Тажна сум, но ќе продолжам да живеам – вели Садовска.

Човекот кој ја тетовирал се изјасни дека не виновен, а се очекува во наредниот период да започне судењето.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....