8.8 C
Скопје
02:03 - 18 октомври, 2026

Малеска-Сачмароска: Во услови на криза мора да се унапредат женските бизниси преку дигитални технологии

Пандемијата на коронавирус не е само здравствена криза, туку е и социјална и економска криза, со пошироки реперкусии, кои потешко ги погодуваат жените отколку мажите, рече извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска-Сачмароска на отвoрањето на изложбата „Жени во занаетчиство“.

Уникатни изработки од 30-ина жени занаетчии се поставени на изложбата насловена „Жени во занаетчиство“, која овие два дена ќе биде отворена во Кабинетот на претседателот, по повод Деновите на занаетчиството. Изложбата е под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска, а во организација на Центарот за управување со промени.

– Жените го сочинуваат најголемиот дел од здравствените и социјалните работници и беа на првата линија на борбата против ковид-19. Од 31.385 здравствени работници 76,9 % се жени, а 23,1 % мажи. Грижата за децата беше дополнителен предизвик за вработените родители, а особено за жените за време на кризата и особено за самохраните родители. Жените се за 19 % помалку застапени од мажите на пазарот на труд во вкупното активно население. Голем дел од жените што живеат во земјава главно се вработени во неформални активности, со ниски плати. Ваквите состојби сугерираат дека жените се изложени на поголем ризик од невработеност за време на кризата – појасни таа.

Според Малеска-Сачмароска, во услови на вакви тектонски нарушувања на пазарите (сега дополнително оптоварени со енергетската криза) мора да се бараат разни начини за преструктурирање на бизнисите, унапредување на постојните деловни практики, засилување на пласманот, продажбата и маркетингот, притоа користејќи ги дигиталните технологии.

– Ги одбележуваме Деновите на занаетчиството што нè поврзуваат со нашата историја, нè прават посвесни за нашето културно богатство и нудат креативност и задоволство од она што овие жени го создале со свои раце. Со оваа изложба се надеваме дека ќе инспирираме многу млади луѓе и многу жени да го препознаат овој креативен потенцијал да се вмрежат и да го афирмираат нашето културно богатство преку заживување на занаетите и да придонесат кон развојот на економијата. Едновремено се обидуваме да ги искористиме можностите што ги дава дигиталната револуција, да се минимизираат ризиците жените да заостанат во овој процес и во оваа сфера и да се искористат можностите за пласман на производите низ дигиталните алатки -– вели Малеска-Сачмароска.

Проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ започна пред речиси една година финансиран од САД, преку USAID и Balkan Trust for Democracy. Во време кога економијата, бизнисите и особено жените и женското претприемништво се соочија со низа предизвици, предизвикани од здравствена криза – ги парализира нивните активности, ја намали побарувачката на производи и услуги, ги ослабна нивните пазарни позиции и ги изложи на финансиски ризик.

(Фото) Изложба „Жени во занаетчиство“ во Кабинетот на претседателот

 

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....