01:54 - 27 ноември, 2026

(Фото) Изложба „Жени во занаетчиство“ во Кабинетот на претседателот

Денес, по повод Деновите на занаетчиство, во Кабинетот на претседателот се отвори изложбата „Жени во занаетчиство“ чијшто покровител е сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

На отворањето на изложбата се обратија сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнз, извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска и директорката на Занаетчиската Комора, Скопје, Анета Атанасовска.

– Во Министерството за култура имате силен поддржувач. Вашиот претприемачки дух е неопходниот здив преку кој се одржуваат во живот занаетчиството, нашата традиција, а со тоа и нашето непроценливо културно богатство. Гледам дека тоа богатство е и ваша инспирација. А она што го создавате денеска со вашите вешти раце за културата останува во културата. Така било и ќе биде – напиша министерката за култура на својата Фејсбук страница.

 

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....