18:33 - 20 април, 2024

МАКЕДОНСКО КУЧЕ -ГЛАВЕН ГЛУМЕЦ, ГЛУМИ – „РАСТУРА“: Германскиот овчар Макс игра опасни улоги, Славе го дресира четвороножниот глумец!

Макс има плашлив карактер, па затоа сцените кои биле малку повозбудливи и со ефекти, му биле потешки, но сепак, ги одглумил врвно.

фото приватна архива

Макс е 2 годишен германски овчар, но е и куче глумец кој глуми во хорор филмот ,,Виртуоз“ кој се снимаше во Крушево минатиот декември. Славе Кочоски е неговиот горд сопственик кој веќе 2 години посветува внимание на негово дресирање. Макс е неговиот најверен пријател, но Славе е виновен што Макс е одличен глумец.

– Макс реагира на секоја наредба која ќе ја добие, веќе две години го дресирам. Ги знае сите наредби, најважно е да ги повторувате, но и да го наградувате кучето кога треба, да му кажете браво и да му дадете храна – вели Кочоски.

Благодарение на Славе, Макс е одлично истрениран да слуша наредби, но сепак пред снимањата потребно било да поминат време во тренирање за да може да се прилагоди на актерите и на сценографијата.

– На почетокот беше малку потешко да се изведе сето тоа, бидејќи Макс не е научен да функционира во затворен простор. Не знаев дека треба да глуми во куќа. Затоа на „лице место“ го дресирав, за да слуша. Кога ќе влеземе на сет обично го пуштам Макс да се навикне на местото, да го намириса секое ќоше, да го запознае местото каде што треба да глуми – објаснува Славе.

Највисокиот град на Балканот, Крушево, беше местото каде се снимаше македонскиот хорор филм „Виртуоз“. Деталите за филмот сè уште не ги знаеме, но ја знаеме улогата на германскиот овчар Макс.

фото приватна архива

– Неговата улога не беше ништо страшно за изведба. Макс требаше да лае или да трча по некого или нешто во одреден момент. Требаше да отиде од едно до друго место. Сепак, не е исто кога глуми куче, за разлика од човек, нели? – ни открива Славе.

Со секојдневен повторувачки тренинг може да се постигне сè, дури и кога станува збор за таканаречените опасни улоги, односно кога на снимањето се користат специјални ефекти како што е пукањето.

– Секојдневно работам со него, за да имаме доверба и да биде врвно куче. Секогаш зависи и од тренингот, но сè што може да направи едно куче, истото може да се издресира да го направи тоа. Макси има плашлив карактер, па сцените кои сè малку повозбудливи и со ефекти, му се потешки- вели Кочоски.

Славе Кочоски сопственикот на Макс, кучето-глумец во филмот, открива дека публиката ќе ужива во филмското остварување.

Сè уште не се знаат детали за премиерата на македонскиот хорор филм „Виртуоз“. Не се откриваат ни други детали за филмот. Филмот е во продукција на Сити Стар, режисер е Огнен Шапковски, а продуцент е Богдан Јончески. Снимањето е со поддршка на Општина Крушево, ОВР Крушево, хотел Монтана Палас и граѓаните.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Вака пред смртта Бојана Јанковиќ зборувала за поранешниот сопруг: Мојата крв…

Еспресо

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо
Се вчитува....