9.8 C
Скопје
12:31 - 1 април, 2026

Мајката на Дарко Лазиќ се мажи! Бранка избира венчаница во Виена, а еве која пејачка ќе ѝ биде кума

Мајката на Дарко Лазиќ, Бранка Лазиќ неодамна се сврши во Виена, а сега за венчавката проговори и нејзиниот партнер Драган Гаги Пауновиќ.

Пауновиќ откри дека тој и Бранка наскоро ќе имаат гала венчавка, а мајката на Лазиќ по тој повод ќе носи специјална креација.

– Со свршувачката се помина добро, а сега продолжуваме понатаму. Патуваме за Виена, каде со поддршка на стилист ќе избереме убава венчаница за Бранка – рече Гаги, а потоа откри дека би сакал Андреана Чекиќ, која била сведок на Лазиќ, да им биде кума.

– Можеби би барале да ни биде кума, многу ја почитуваме. Таа му е кума на Дарко и мило ми е што се толку добри пријатели – вели Гаги, кој откри дека тој и Бранка наскоро ќе земат стан во Виена.

– Договорот ќе го потпишеме за неколку дена – истакнал Пауновиќ.

Бранка и Гаги се во емотивна врска речиси една година, а бизнисменот истакнува дека одлично се сложува со Дарко Лазиќ кој му помага и за музичкиот натпревар во Виена.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....