09:46 - 10 ноември, 2026

(Фото) „Ако Трамп се разведе, може да се ожени со нашата Мелина!“ Социјалните мрежи „горат“ поради сличноста на Џиновиќ и Меланија Трамп

На социјалните мрежи наголемо се објавува за сличноста на Меланија Трамп и Мелина Џиновиќ.

Несомнено е дека една од главните вести деновиве е разводот на Харис Џиновиќ и Мелина Џиновиќ.

Харис неодамна ја вмеша и полицијата, откако Мелина дошла во куќата, а потоа не сакала да ја напушти.

Од првичниот шок на јавноста, кога никој немаше поим дека славната двојка има проблеми, сега речиси секојдневно испливуваат најразлични верзии на нивните приказни.

Сепак, дека луѓето и една тажна тема како што е разводот може да претворат во смеа и забава сведочи и една објава на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Еден корисник објави две фотографии, една до друга, на Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и Мелина Џиновиќ со коментар:

– Дали ви личат Меланија и Мелина?

 


Набрзо почнаа да се нижат коментари, а повеќето од нив се сведувале на идејата дека Мелина може да му стане сопруга на Трамп:

– Ако Трамп се разведе, може да се ожени со нашата Мелина.

– Конечно да ни осамне.

– И двете се убави жени.

– Нè излажале, тоа е истата жена.

– Дури имаат и слични имиња.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....