11.8 C
Скопје
16:03 - 30 март, 2026

Мадона итно ја однеле во болница: Ја нашле онесвестена, ќерка ѝ била покрај неа цело време

Мадона била пронајдена во несвест и итно пренесена во болница во Њујорк во саботата, ексклузивно открива американски Page Six.

Според информациите пејачката (64) била интубирана најмалку една ноќ пред цевката да ѝ биде извадена и сега е будна и се опоравува. Се известува и дека нејзината ќерка Лурд Леон била покрај неа цело време.

Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Озири, сподели објава на Инстаграм дека неговата клиентка „разви сериозна бактериска инфекција што доведе до повеќедневен престој на интензивна нега“.

Изворот вели и дека кралицата на попот сега е „надвор од интензивна нега“, а Озири во својот пост објасни: „Таа се уште е под медицинска нега. Се очекува целосно да закрепне“.

Претходно годинава, Мадона објави дека ќе започне со турнеја насловена „Celebration“ по повод 40-годишнината од нејзината музичка кариера, но поради нејзината здравствена состојба, новите датуми за концерти ќе бидат објавени подоцна, изјави нејзиниот менаџер.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....